19 Декември, 2025
0.0475

ЕУ може да им даде право на регулаторите да замрзнуваат трансфери од банкротирани банки

Објавено во: Економија 16 Мај, 2016 15:02

Добивај вести на Viber

Брисел ја разгледува можноста да им обезбеди на банкарските регулатори построги овластувања за замрзнување на трансфери од банкротирани банки со цел спречување на одливот на средства, пред властите да успеат да интервенираат, пренеусва „Financial Times“ (FT).

Европската комисија ќе ги истражува можностите за „инструмент тип мораториум“, кој може да биде употребен во ЕУ, покажува документ во кој имале увид од FT. Иако работата на мерката сеуште е во рана фаза, целта на новите овластувања е нагло да запираат плаќањата кон сопственици на обврзници и потенцијално да спречат повлекувања од депоненти.

Алатката може да има „стабилизирачки“ ефект, додека регулаторите најдат решение како да интервенираат спрема банката, покажува документ од 10 мај, подготвен од Холандија, која во моментов претседава со ЕУ.

„Мораториумот може да овозможи брз и успешен процес кој ги минимизира ризиците за финансиската стабилност“, се вели во документот. Замрзнувањето нема да трае долго, неколку дена најмногу, велат лица, запознаени со идејата.

Според официјални претставници на ЕУ идејата е поддржана од Германија и Холандија, кои веруваат дека таа ќе ги зајакне правилата на ЕУ, со цел да ги заштитат даночните обврзници при спасувањето на банкротираните банки. Во исто време, владите се претпазливи, бидејќи сметаат дека премногу раната интервенција може да се одрази негативно на довербата кон банката, додека во исто време ќе предизвика шок бранови во поширокиот финансиски систем, предизвикувајќи ги некои земји да ги зголемат резервите.

Земјите се силно поделени по тоа дали и кога инструментот може да се обезбеди за употреба од страна на регулаторите, покажува документот.

Идејата за слични овластувања во еврозоната е делумно на Германија, која веќе ужива таков инструмент.

Земјите сакаат да избегнат и повторување на паниката околу спасувањето на Кипар во 2013 година. Тогаш повлекувањето на депозитите критично ги ослабна двете главни банки на земјата и покрај воведувањето на капитална контрола. Тоа ги попречи плановите на големите вложувачи да бидат принудени да ги споделат трошоците за спасување.

Комисијата ќе разгледа и дали депозитите, особено оние под 100 илјади евра, гарантирани од државата, треба да бидат исклучени од замрзнување. Комисијата ќе разгледа и други исклучоци, кои може да се потребни за да се избегне паника или распаѓање на финансискиот систем, на пример плаќања кон централните банки или кон коминтенти на деривати.

Извори од комисијата велат дека владите побарале од неа да се разгледа ова прашање, но засега не се донесени решенија.

Плановите се дел од пошироката програма на ЕУ, со која ќе се гарантира дека правилата од 1 јануари со цел да ги пренесат трошоците за спасување на банкротирала банка врз нејзините кредиторите кои реално работат. Комисијата ќе достави предлози оваа година кои ќе бараат од големите банки обезбедување на минимален износ подреден долг и други обврски кои лесно можат да бидат отпишани од регулаторите при криза.

Засега холандската влада одбива секаков коментар по ова прашање.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии