16 Мај, 2024
0.0346

ЕУ му наметна на македонскиот челик тарифни квоти, погодени Макстил, ФЗЦ 11 Октомври, Миттал Стил и други

Објавено во: Економија 24 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Европската унија на Македонија и воведе квоти за четири челични производи, а привремените заштитни мерки можат да останат на сила до 200 дена, објави „Капитал“. Царината од 25 насто стапува кога ќе се надминат квотите, односно просечниот увоз од последните три години.

Овие мерки што веројатно ќе се воведат најмногу ги погодуваат шест големи македонски компании од оваа индустрија и тоа Макстил, Миттал Стил, Дојран Стил, ФЗЦ 11 Октомври, ИГМ и Метал Промет.

Вицепремиерот Бујар Османи пред половина месец ги уверуваше македонските производители дека добил гаранции од комесарот за европска трговија Сесилија Малстром дека нема да има блокада и дека македонската економија нема да настрада покрај глобалната трговска војна што е во тек.

Мерките се воведуваат како контра одговор на наметнатите царини од страна на САД, односно стравувањето на Европската Унија дека американските царини може да ги пренасочат производите од челик на европскиот пазар.

„Царините на САД за производи од челик предизвикуваат пренасочување на трговијата, што може сериозно да ги оштети производителите на челик во ЕУ и работниците во индустријата. Затоа, ние сме принудени да воведеме привремени заштитни мерки за заштита на нашата индустрија од ненадејно зголемување на увозот. Сепак, мерките, исто така, ќе обезбедат непрекината отвореност на ЕУ и одржување на традиционалните трговски текови. Убедена сум дека мерките ја постигнуваат вистинската рамнотежа помеѓу интересите на производителите на челик и корисниците во ЕУ, како што се автомобилската индустрија и градежниот сектор. Ќе продолжиме да го следиме увозот на челик за да ја донесеме конечната одлука најдоцна до почетокот на следната година“, изјави комесарот за трговија, Сесилија Малмстром.

Од Комисијата истакнаа дека најголемиот дел од земјите – членки изразиле поддршка за воведување на овие мерки.





Можеби ќе ве интересира

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА