19 Декември, 2025
0.0547

ЕУ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: „Казна“ за Русите уште шест месеци

Објавено во: Економија 01 Јули, 2016 16:04

Добивај вести на Viber

Европската унија формално ги продолжи економските санкции воведени на Русија за уште шест месеци.

Економските санкции се продолжени за уште шест месеци, заклучно со 31 јануари 2107 година, потврди Европскиот совет во официјална изјава која е објавена .

ЕУ воведе строги санкции за Русија во 2014 порди влијанието на Москва на истокот на Украина и спојувањето на полуостровот Крим.

САД и ЕУ ги блокираа трансакциите со најголемите руски компании и воведоа забрана за влез на највисоките руски претставници на нивни територии, а санкциите исто така на Русија и оневозможија пристап до пазарот на капитал и забрана на членките на Унијата за склопување на нови договори со Русија.

На овие санкции и Русија одговори со ембарго, кое европските добавувачи ги лиши од можноста за извоз во Русија, а поради последиците на таа одлука се приморани да пронајдат нови начини за враќање на рускиот пазар.

Да потсетиме, не сите Руси биле среќни поради можното укинување на санкциите, поради различните последици на таа одлука. Укинувањето или делумно ублажување на санкциите против Русија би ја зајакнало националната валута и би ја забавило инфлацијата, но тоа во исто време би ја ограничило и соработката со Кина.

Руските земјоделци и туристички сектор во Русија тврдат дека под санкциите ги „разграниле“ своите бизниси.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?