ЕУ планира да враќа нелегални мигранти во нивната татковина
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2015 11:33
Илегалните мигранти да бидат приведени во посебни центри, а оние за кои е можно побрзо да бидат вратени во нивните матични земји. За таков план ќе разговараат денеска лидерите на земјите од Европската унија (ЕУ), објави интернет изданието „euobserver.com“.
Предлогот е дел од пошироките разговори за справувањето со зголемениот миграциски бран, за безбедноста и работните места. Истовремено, сепак се очекува Грција да е во фокусот на вниманието за време на дводневниот самит на Советот на ЕУ, која почнува денес.
Новите предлози за мигрантите се содржани во извештајот, за кој ќе се разговара на средбата и со кој изданието располага. Во текстовите е запишано дека во пограничните области ќе се градат посебни центри во кои мигрантите ќе бидат сместени, додека се утврди дали имаат потреба од меѓународна заштита, или не.
Во извештајот е запишано уште дека Европската комисија (ЕК) може да излезе со конкретен план за правното, финансиски и оперативни планови на овие центри во следниот месец.
Анонимен извор од ЕУ истакнува дека земјите од ЕУ инсистираат илегалните мигранти да бидат вратени во „најбезбедните земји по потекло“. Агенцијата за гранична контрола на ЕУ - „Frontex“, треба да биде засилена и да концентрирана на својата енергија на политиките за враќање и повторен прием, нагласува весникот.
Лидерите на ЕУ сакаат да ги прошират овластувањата на „Frontex“, за да може Агенцијата да го враќа секој кој не се квалификува за меѓународна заштита. Во моментов агенцијата може да организира летови со кои ќе ги враќа мигранти во нивните земји само ако во операцијата учествуваат најмалку две земји членки на заедницата.
Буџетот на Агенцијата за оваа година беше зголемен на 26 милиони евра, главно поради нејзините операции во регионот на Медитеранот. Предвидено е тој да биде дополнително зголемен, со дополнителни 45 милиони евра кои ќе бидат издвоени посебно за бегалскиот бран во Средоземното Море.
Лидерите на ЕУ сакаат да ја зајакнат и соработката со земјите на потекло и транзит, за да престанат миграциските текови и да се справат со шверцерите. Прашањата ќе бидат разгледани со африканските нации за време на претстојната конференција во Малта. Во Будимпешта пак се планира да биде организирана конференција за справување со миграција и тековите од Западен Балкан.
Лидерите на ЕУ ќе разговараат исто така и за преместувањето на 40 илјади лица од Сирија и Еритреја, но предлогот за раселените квоти и принципи веројатно нема да биде прифатено.
Лидерите на ЕУ ќе разговараат и за економската и монетарна унија, како и за грчката криза. Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон ќе ги претстави вечерва плановите за кои ќе организира референдум за напуштање на Европската унија, а утре генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе направи презентација за односите на НАТО и ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




