ЕУ: Пораст на продажбата на нови автомобили и во јуни
Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2014 16:15
Продажбата на автомобили во Европската унија скокна за четири одсто во јуни на 1,3 милони возила. Една од главните причини за порастот е економско опоравување на југот од ЕУ.
ACEA (Европска асоцијација за произведување автомобили) објавила дека растот на продажбата е нерамномерно распореден во Европа и дека на него допринеле големите попусти и други влијанија за купувачите, „кои ја искривуваат сликата за побарувачката во Европа“.
Независните аналитичари тврдат дека е забележан пораст на дури десет одсто во стимулациите во пет главни пазари на југот од Европа, на рекордни 2.748 евра по возило.
VW „запиша“ пораст од 2,5 одсто, Пежо-Цитроен пад од 0,2, а Рено раст дури од 24 одсто во јуни. Опел и Вокас комбинирано скокнаа за 12 одсто, Форд падна за 0,9 одсто, а Фиат групата забележа скок од 7 одсто.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




