ЕУ ПОВТОРНО СО ОПОМЕНА ДО ВУЧИЌ: Додека трае војната во Украина не може односите со Русија да бидат нормални
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2025 16:54
Европската Унија(ЕУ) го предупреди српскиот претседател Александар Вучиќ за последиците ако замине во Москва.
За најавата на Вучиќ дека на 9 мај ќе биде во Москва за да го прослави Денот на победата над фашизмот, портпаролот на ЕК Маркус Ламерт вели дека ЕУ сака да смета на Србија и дека државата треба да ја потврди својата стратешка насока кон ЕУ.
Тој додаде дека не сака да шпекулира за можните последици. Но, нагласи дека додека трае војната во Украина, односите со Русија не можат да бидат нормални.
„Србија аплицираше за членство во ЕУ. ЕУ сака да смета на Србија како на сигурен европски партнер кога станува збор за заеднички принципи, вредности, безбедност и напредок. Потребно е Србија да ја потврди својата стратешка насока. Ние им бевме кристално јасни на сите наши партнери, вклучително и на земјите-кандидатки, вклучително и на Србија: односите со Русија не можат да бидат нормални, додека режимот на Путин е на власт и во сенка на неиспровоцирана и неоправдана руска војна и агресија против Украина“, изјави портпаролот.
Вучиќ на 23 април, нагласи дека „не го променил својот став и покрај притисокот“ и најави дека ќе оди во Москва на 9 мај на парадата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. И украинските власти повикаа лидерите да не одат во Русија на тој ден. Руската инвазија трае повеќе од 3 години.
Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција





