ЕУ предлага создавање на прифатни центри за бегалци на Балканот
Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 10:20
Европската унија (ЕУ) предлага создавање на прифатни центри за регистрација на бегалците во земјите од Западен Балкан. Овие центри ќе ги дополнуваат т.н. „Жешки точки“ во Грција и Италија.
За темата беше разговарано на завршената средба на министрите за внатрешни работи од заедницата во Брисел. Тие се обврзаа исто да го забрзаат земањето на бегалци по квота системот, усвоен пред неколку месеци.
Земјите членки се обврзуваат да ги користат сите правни средства за да ги регистрираат мигрантите кои поминуваат, дури и тие да ја одбиваат оваа постапка, пишува во заклучоците од состанокот. Предвидено е и присилно задржување на мигрантите, додека не им бидат земени отпечатоци.
Министерот за миграција на Луксембург, Жан Аселборн коментирал дека треба да се стави крај на неконтролираното преминување на границите, а тоа важи и за влезните и за транзитните држави.
Бидејќи на грчките острови секојдневно пристигнуваат по 10 илјади луѓе, дел од нив поминуваат на север преку границите, без да се знае нивниот идентитет. Аселборн посочил дека е илузија Грција сама да ја изврши задачата за регистрација на сите мигранти. Затоа ротирачкото претседателство предлага преку Балканскиот пат исто така да се создадат „центри за обработка“, слични на веќе отворените „жешки точки“ на грчка и италијанска територија.
Слични центри би можеле да се отворат и во други земји надвор од ЕУ и во нив да почнат постапките за азил или протерување.
Аселборн објаснил дека во моментов се прави правно истражување на овој концепт.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




