19 Декември, 2025
0.0572

ЕУ сака да ги ограничи платите на менаџерите во јавните компании

Објавено во: Свет 09 Март, 2013 19:20

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) сака да ги ограничи платите на директорите на сите компании со чии акции се тргува на берзите во ЕУ. Ова го изјави во интервју за утрешниот број на германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung еврокомесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барние, цитиран од Франс прес. "За сите претпријатија, чии акции се котирани на берзи во Европската унија (ЕУ), акционерите ќе треба да решаваат за нивото на платите, вклучително и за златните Падобрани (голем надоместок при напуштање на функцијата)". При тоа, платите ќе мора да бидат транспарентни ", посочува Барние за германскиот весник. "Треба да се вратиме на идејата за социјална пазарна економија", аргументира тој. "Компаниите не смеат да бидат штанд за самопослужување на менаџери. Затоа ние треба да обезбедиме контрола на акционерите во компаниите", додава еврокомесарот. Европската комисија е поттикната да донесе вакви мерки од референдумот во Швајцарија на почетокот на март за прашањето за ограничување на премногу високите плати на шефовите на швајцарските компании котирани на берзата. Брисел ќе претстави пакет слични мерки до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела