03 Мај, 2024
0.0247

ЕУ со поддршка од 72,3 милиони евра за Македонија

Објавено во: Економија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Со цел поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, ЕУ доделува 72,3 милиони евра помош за Македонија.

Станува збор за  две програми финансирани од ЕУ, информираат од Делегација на ЕУ во Скопје. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за земјава за 2017 година. Финансискиот договор кој го имаше ЕУ со Владата на Македонија за имплементација на годишната ИПА програма за 2016 беше потпишан на 30 ноември.

Како клучни приоритети остануваат контролата на границите, миграциската политика и борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Посебно внимание ќе биде посветено на превенцијата од радикализам и насилен екстремизам.

ЕУ ќе ја поддржи и поттикне реформата на јавната администрација, особено во делот на унапредување на транспарентноста, борбата против корупцијата и развој на електронски услуги за граѓаните со цел заштеда на времето, напорите и парите на граѓаните.

Овие нови средства од ЕУ наменети за компании, за советодавна поддршка и е-услуги за бизнис секторот се очекува да ги подобрат перформансите на приватниот сектор и да ги направат подинамични компаниите заради создавање повеќе и подобри нови работни места, како и подобрување на економскиот профил на земјата. Во исто време, планираните инвестиции во образовниот систем кои одат паралелно со иновативните мерки на пазарот на трудот ќе ја намалат разликата помеѓу понудата и побарувачката на трудот и ќе придонесат за намалување на невработеноста во државата. Подобрениот квалитет на едукативниот процес и на социјалните услуги ќе ги поддржат младите луѓе во земјата, како и најранливите категории граѓани преку креирање на перспективи за социјален и професионален развој.

„Овие фондови покажуваат колку сериозно ја гледаме иднината на земјата во ЕУ. Тоа е причината зошто инвестираме сега во унапредување на сите нејзини системи и нивно доведување до нивото на ЕУ-стандардите, не затоа што тоа го бара ЕУ, туку заради бенефит на секој еден граѓанин. Изгубеното време треба да се надокнади преку посилна посветеност на Владата и на администрацијата на реформите кои се спроведуваат и преку посилна инволвираност на луѓето во реформите. Одговорност е на секој еден колку далеку земјата ќе стигне“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар за доделувањето нови средства за Македонија.

Од 2007 година досега земјата има добиено преку една милијарда евра од ЕУ-фондовите за поддршка на клучните реформи и инфраструктурата. Дополнителни 250 милиони евра ќе бидат алоцирани за земјата до 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите