ЕВАКУАЦИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕ: Повеќе од 6.000 Романци ги напуштија своите домови

Објавено во: Свет 30 Септември, 2024 16:25
Евакуирани се илјадници луѓе во Романија поради невреме.
Нешто повеќе од 6.000 луѓе се евакуирани во изминатите 24 часа од 28 населени места во Романија, во окрузите Аргеш, Брашов, Галати и Васлуи поради невремето и опасност од поплави, известува Генералниот инспекторат за вонредни состојби на земјата.
Морскиот и речниот сообраќај се прекинати, а маневрите во пристаништата во Костанца и Тулчеа исто се привремено запрени.
Во текот на изминатите 24 часа, погодени се 116 населени места во 29 окрузи во Романија. Шефот на Генералниот инспекторат за вонредни состојби, Раед Арафат вели дека ситуацијата е под контрола.
Во поплавите во источниот округ Галати пред две недели загинаа седум луѓе. Бурата Борис претходно однесе жртви во повеќе европски држави.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ВАТИКАН ЈА ОБЈАВИ ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ПАПАТА: Еве од што почина

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ НОВИОТ ПАПА: Ова се кандидатите - еден е против модернизација на црквата, а овој човек беше омилен на Папата Франциск

КАКО СЕ ИЗБИРА НОВ ПАПА И ШТО Е КОНКЛАВА? Еве ја целата процедура се до белиот чад

ОВА БЕШЕ ЖЕЛБАТА НА ПАПАТА: Дали ќе биде погребан како што тој сакаше?

СЕГА Е НАЈМОЌНИОТ ЧОВЕК ВО ВАТИКАН: Мора да го уништи прстенот на папата Франциско, доверена му е најважната задача

ПАПАТА ИМАЛ КРВАРЕЊЕ ВО МОЗОКОТ?: Италијанска АНСА ја објави причината за смртта на папата Франциск

ЕВЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ПАПАТА: Ватикан со важно соопштение

ОРБАН СО ТРОГАТЕЛЕН СТАТУС СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Ти благодарам за се, свети оче“

ЕВЕ ОД ШТО ПОЧИНА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Поглаварот на Римокатоличката црква долго време беше во болница
