ЕВАКУИРАНИТЕ РУСИ ОД КУРСК ЌЕ ОДАТ ВО ЗАПОРОЖЈЕ: Размислуваат да ги сместат на Азовското Море
Објавено во: Свет 13 Август, 2024 21:04
Русија планира да евакуира раселени лица од Курск во окупираното Запорожје во Украина.
Привремениот гувернер на руската област Курск, каде што Украина изврши прекуграничен напад пред една недела, денеска изјави дека жителите кои се раселени поради борбите ќе можат да бидат преселени во област под руска окупација во Украина, јави ДПА.
Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека разговарал со гувернерот на областа Запорожје во југоисточна Украина за планот.
Смирнов вели дека неговиот колега назначен од Москва во Запорожје, Евгениј Балицки, предложил санаториумите и одморалиштата на Азовското Море да бидат користени за сместување на раселените лица.
„Во наредните денови ќе го организираме првиот транспорт за да ги однесеме луѓето во итните засолништа во Запорожје,“ додаде Смирнов.
Русија го анектираше Запорожје во септември 2022 година, иако не ја контролира целата област.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина контролира 74 населени места во Русија.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




