Еве каде светските лидери ќе летуваат
Објавено во: Стил 14 Август, 2013 12:35
Британскиот премиер Дејвид Камерон си дозволи четири одмори. На крајот на јули тој беше со своето семејство во Португалија, откако во мај ја одведе жената на Ибица. Во август Камерон ќе одмара уште два пати во Корнвол и во Шкотска.
Вистинска атракција стана одморот на Рускиот претседател Владимир Путин кој на крајот на јули го снимија на брод покрај премиерот Дмитриј Медведев, како се капат во пустите области на Сибир. Најмногу се прослави сликата на која Путин држи фатена од него штука со тежина 21 кг.
Ангела Меркел пак се одмора 18 дена. Голем дел од нив ги поминува во Сулден во Италијанските Алпи заедно со нејзиниот сопруг.
Во Шпанија премиерот Маријано Рахој ќе одмара во вила во својата родна Галиција во северниот дел на земјата. Таму Рахој ќе остане две недели со семејството.
Францускиот претседател Франсоа Оланд за својот одмор ја избра резиденцијата „Лантерн“ крај дворецот Версај која има базен и тениско игралиште.
Сепак италијанскиот премиер Енрико Лета нема да почива. Поради компликуваната политичка ситуација во Италија, тој плановите за семеен одмор на јадранското крајбрежје ги одложи за следната година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





