ЕВЕ КАКО МИНУВА ПРВИОТ ДЕН ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19: Фотогалерија од пунктот во Модуларната болница
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021 13:05
Во точно 10 часот утринава почна
имунизацијата против корона вирусот на здравствените работници, а први ја
примија д-р. Добринка Наунова и главната сестра Габриела Темелковска од
Инфективната клиника. Министерот за здравство, Венко Филипче, оценува дека се е
подготвено целиот процес на имунизација да се одвива без проблеми и дека во
нареедните 10 дена би требало да заврши вакцинирањето со првата доза на сите
4.000 здравствени работници кои се пријавија досега.
-Системот добро функционира. Започнува со земање анамнестички податоци, краток преглед, административната работа, внесување на податоците за веќе закажаниот термин и закажување на следниот термин за ре-вакцинацијата после три недели и тоа интензивно се спремаше во овие изминати денови. Тука е поставена целата инфраструктура, дел од вакцините се чуваат и во овие фрижидери во модуларната болница. Може да седат до 5 дена на температура од 2 до 8 степени, после што се раствораат и во рок од 5 часа мора да се аплицираат на тие што ја примаат. Ова е еден систем којшто исто така беше дел од тренингот. Посакувам успешна имунизација, направивме организација - еднаш кога ќе започне имунизацијата да не запре. Ги очекуваме и следните количини според најавите и верувам дека во следните месеци ќе имаме навистина успешен процес на вакцинација, информираше Филипче.
Во продолжение погледнете низ фотографии како минува првиот ден од вакцинацијата:
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




