19 Декември, 2025
0.0372

ЕВЕ КАКО РЕАГИРАШЕ БЕРНИ САНДЕРС КОГА ДОЗНА ДЕКА САД ГО НАПАДНА ИРАН - „не сакаме повеќе војни“ (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 23 Јуни, 2025 11:06

Добивај вести на Viber

Американскиот сенатор Берни Сандерс, левичар, во текот на својот говор во Тексас дознал дека САД го нападнале Иран.

Сандерс, кој е жесток противник на поддршката на САД за активностите на Израел на Блискиот Исток, доби документ во која беше и изјавата на Трамп за нападот врз Иран.

Откако неколку моменти со неверица ја затресе главата, тој рече дека станува збор за нелегални и неуставни напади бидејќи според американските закони, само Конгресот може да одобри влез во војната.

Додека го читаше говоорот на Трамп и по завршувањето публиката постојано свиркаше и скандираше „не сакаме војни“ или „no more war“.


Само пред два дена, Сандерс го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека со децении греши во врска со Блискиот Исток.

Во соопштение за медиумите, Сандерс се осврна на изјавите на Нетанјаху од 2002 година во кои повика Америка да влезе во војна со Ирак.

„Нема сомнение дека Садам Хусеин се стреми кон нуклеарно оружје. Ако го елиминирате режимот на Садам, ви гарантирам дека тоа ќе има позитивно влијание“, го цитираше Сандерс Нетанјаху.

Потоа, тој рече дека израелскиот премиер не бил во право.

„Нетанјаху многу грешеше. Војната во Ирак резултираше со 4.492 убиени американски војници и над 32.000 ранети. Исто така, нè чинеше повеќе од три трилиони долари. Стотици илјади Ирачани загинаа поради оваа трагична војна. Нетанјаху грешеше во врска со војната во Ирак. Греши и сега. Не смееме да се вклучуваме во војната на Нетанјаху против Иран“, рече Сандерс.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја