ЕВЕ КАКО РЕСТОРАНИТЕ ЗА БРЗА ХРАНА ПРАВАТ ФИНТИ ЗА ДА ЗАШТЕДАТ- Секако, на грбот на купувачите
Објавено во: Општо 17 Декември, 2022
Речиси во сите ресторани за брза храна, пијалоците се служат со многу мраз и во неколку категории – мали, средни и големи, а дали некогаш сте размислувале за причината за тоа? Џејсон Мора, корисник на TikTok, го даде одговорот.
Инаку, тој е вработен во американски синџир за брза храна, па ги знае сите трикови на големите ресторани. Тој вели дека количината на течност во средните и големите опции е практично иста ако нарачате со мраз.
- Земете една чаша со кој било пијалок и ставете мраз во неа. Потоа истурете ја само течноста од едната чаша во другата, без мраз. Добивате само половина од количината на течност во споредба со онаа што би ја добиле доколку нарачате пијалок без мраз. Накратко, нарачајте пијалок без мраз, течноста ќе ја наполни целата чаша. Ако нарачате пијалок со мраз, течноста полни само половина чаша бидејќи другата половина е окупирана од мраз.
Неговото објаснување шокираше многу корисници, но имаше и такви кои рекоа дека одамна знаат за ова и дека никогаш не нарачуваат пијалоци со мраз бидејќи не сакаат да платат за таква „измама“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.