ЕВЕ КАКО ЗАТРУПАНОТО БЕБЕ ПРЕЖИВЕА 107 ЧАСА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ! Доктор со објаснување за чудото
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2023
Според последните информации, разорниот земјотрес што ги
погоди Турција и Сирија однесе повеќе од 38.000 животи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 141.000
спасувачи се распоредени на теренот во 10 турски провинции погодени од
земјотресот.
Во Турција 134 лица се под истрага за наводна одговорност за лошата изградба на станбени згради кои се урнаа за време на земјотресот.
Помош за Турција пристигнува од целиот свет, додека Сирија штотуку ја доби првата помош од ЕУ.
Д-р Саша Милиќевиќ, педијатар, зборуваше за веста дека е спасено бебе во турска провинција 107 часа по земјотресот, и за тоа даде објаснување:
- Фасцинантно е колку човечкото тело е отпорно и колку ние имаме непознатици околу тоа. Замислете едно дете да издржи толку многу без вода и храна. Добро е што и температурата не беше превисока, бидејќи во тој случај водата ќе беше многу попотребна. Кај децата е специфично бидејќи 70% од телото на детето е составено од вода. Сепак, ова очигледно е и генетски екстремно силно дете, но секако ова е едноставно шокантно.
ФОТО: EPA-EFE/SEDAT SUNA