Еве кои хороскопски знаци најдобро возат автомобил
Објавено во: Општо 22 Јуни, 2016 14:12
Овените – сакаат адреналин
Иако припадниците на овој знак се обично добри и способни возачи, додека возат се непромислени. За нив е типично забрзувањето на раскрсници, како и поминување на жолто и црвено светло.
Во гужва се нервозни и пцујат, па дури и кога се добро расположени и никаде не им се брза. Другите возачи едноставно ги нервираат од навика.
Бикот – ужива додека вози
Припадниците на овој знак најчесто ќе ги видите како зад воланот си ја пејат својата омилена песна и мрдаат со главата на ритамот на музиката. Не се љубители на пребрзо возење и би можело да се каже дека се совесни возачи. Ги почитуваат сообраќајните правила.
Близнаците – се познати по мултитаскинг
Близнаците се навистина способни возачи кои најчесто ќе ги забележите со телефонот во рака. Како што и во животот редовно практикуваат мултитаскинг, така и за време на возење најчесто пијат кафе, се шминкаат или телефонираат. Сепак, факт е дека се подобри совозачи отколку возачи.
Ракот – сака долги патувања
Раковите се по малку нервозни возачи кои често пцујат во себе кога ќе ги изнервираат другите возачи. Сепак, тие се совесни и најчесто ги почитуваат сите сообраќајни прописи, а омилени им се автомобилите во кои се чувствуваат удобно.
Лавовите – не ја тргаат ногата од педалата за гас
Овој огнен знак е одличен возач и љубител на брзини. Додека вози сака во својата глава да се натпреварува со другите возачи. Како и во животот, и во возењето привлекува големо внимание.
Девиците – се добри возачи
Припадниците на овој знак често се добри возачи, но многу критични спрема сите други учесници во сообраќајот – од пешаците до другите возачи. Додека возат внимателно ја намалуваат брзината за да не го оштетат автомобилот на лежечките полицајци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





