19 Декември, 2025
0.0812

Еве кои се државните институции најголеми трошаџии на буџетот: Трошат на плати и на долгови најмногу

Објавено во: Економија 11 Јули, 2018 06:36

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии потрошило за четири месеци безмалку 290 милиони евра само преку разделот функции на државата. Оваа сума е над 45 отсто од вкупниот буџет на министерството за цела година. Со најголем дел од овие пари платена е главнина на долговите и каматите за нив. Министерството за труд и социјална политика од јануари до април потрошило една третина од вкупниот годишен буџет или 231 милион евра. Од нив, две третини се за тековни трансфери кон фондовите, а за социјални бенефиции од Министерството „отишле“ 41,3 милиони евра. Овие две министерства традиционално и имаат најголеми буџети односно најголеми буџетски расходи меѓу буџетските корисници.

Статистиката на Министерството за финансии покажува дека Министерството за образование и наука за четири месеци потрошило 115 милиони евра што е 28 проценти од сите планирани расходи за годинава на оваа институција. Најголем дел од парите се префрлени кон Единиците на локална самоуправа (ЕЛС), а втора најзначајна ставка се платите и надоместоците. Трет „трошаџија“ е Агенцијата за фиансиска поддршка во земјоделството со реализирани средства во износ од 64,2 милиони евра. Тоа се пари во најголем дел за субвенции и за трансфери.

Во првите четири месеци годинава од страна на Министерството за внатрешни работи реализирани се вкупно 55,6 милиони евра што претставува 33 отсто од нивниот  буџет за 2018 година. Најзначајна расходна ставка претставуваат платите и надоместоци со учество од дури 70 отсто за што се потрошени 39 милиони евра. Втора најзначајна ставка се стоки и услуги.Министерство за здравство во првите четири месеци од 2018 година потрошило 28,7 милиони евра, најмногу на трансфери.

Во Министерство за одбрана кое во периодот јануари - април 2018 година изврши буџетски средства во износ од 28 милиони евра, најзначаен дел од парите се „отидени“ за плати.  За таа намена се потрошени 71,отсто од сите реализираните пари.

За Финансирање на дејностите од областа на културата во првите четири месеци биле потрошени 16 милиони евра. Платите и надоместоците имаат највисоко учество во вкупните расходи со 34,4 проценти, а само за ова се потрошени 5,5 милиони евра.

Министерство за транспорт и врски во првите четири месеци од 2018 година реализираше средства во износ од 11,6 милиони евра. Капиталните расходи имаат највисоко учество во вкупните расходи на таа институција со речиси 60 отсто. За таа намена потрошени се  само 6,9 милиони евра.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии