17 Мај, 2024
0.0295

Еве кои сто нешта не ги знаевме до пред минатата година

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Интересни и неочекувани факти излегуваат секојдневно од новинските стории, а Магазинот избираше такви нешта во своите неделна изданија, по 10 нешта кои не ги знаевме до претходната недела. Ова е алманах од најдобрите нови сознанија за 2013 година

1. Потребни се 2,5 милиони галеби за да ја подигнат огромната праска на Џејмс во воздух, а не 501 колку што предлага Роалд Дал.

2. Топлите пијалоци имаат различен вкус, во зависност од бојата на филџанот.

3. Полесно е да се кренат влажните предмети доколку на прстите имате збрчкана кожа - што ја наведува еволуциската причина за добивање „збрчкани прсти“ во када.

4. Во светот постојат две фирми кои клонираат пони коњи за поло.

5. На два проценти од Европејците им недостигаат гени за создавање мирис под пазуви

6. Јадењето коњско месо се нарекува хипофагија.

7. „Рускиот грип“ го добил името заради Студената војна, а не поради тоа што потекува од Русија.

8. Жените изгледаат најстаро секоја среда во 3,30 попладне.

9. Принцот Чарлс не користел подземна железница во Лондон помеѓу 1986 и 2013 година.

10. Во Домот на лордовите има стрелиште со пушка.

11. Вината кои имаат животни на етикетите во САД се познати како „вина од суштество“.

12. Женките хокбил желки можат 75 дена да чуваат сперма.

13. Мрдањето е добро за концентрацијата кај мажите, но не и кај жените.

14. Вработените во магацинот на Амазон во Раџли, поминуваат покрај русокоса од картон во природна големина, која вели: „Ова е најдобрата работа која некогаш сум ја имал!“

15. Вилијам е презиме кое најмалку се користи од 1901 наваму.

16. Поп ѕвездата од осумдесетите, Глен Медерос, е заменик директор во средно училиште на Хаваите.

17. Харибо (гумените бомбони) го добиле името според оснвачот Ханс Ригел и неговиот роден град Бон.

18. Операторите на дронови (беспилотни летала) доживуваат пострауматски стрес со иста стапка како и пилотите на борбени авиони.

19. Најџел Фараџ (лидер на британската Партија на независноста) пишува колумна за магазинот Тотал си фишинг.

20. Мајмуните ги избегнуваат себичните луѓе.

21. „Тетка“ е најпребаруваниот порнографски израз во Сирија.

22. Растенијата го лачат својот нектар со кофеин за да ги задржат лојални полинаторите (инсектите кои го разнесуваат поленот).

23. Јужнокорејските медиуми често известуваат за државните политичари само со нивните иницијали.

24. Сара Грин (позната британска ТВ водителка) го гризела Питер Данкан за глуждовите за да му го одвлече вниманието за време на снимањето на демо емисиите за готвење „Питер Блу“.

25. Јужна Африка е вклучена во БРИКС затоа што овој акроним подобро звучи отколку со Нигерија.

26. Сега има повеќе елени во Велика Британија отколку кога било  уште од последното Ледено доба.

27. Некои Норвежани силно се навредуваат околу тоа дали дрвата во логорски оган се пирамидално наместени нагоре или надолу.

28. Солзите не се ронат во вселената.

29 Стив Џобс и Стив Возниак припаѓаат на група на хакери и хобисти наречени Клуб на домашнозготвени компјутери.

30. На шведска вечера, никогаш да не ја превиткувате салфетата и оставите на маса пред домаќинката да го стори истото.

31. Бил Бејли (британски комичар) купил жив буф во кинески ресторан за да го тргне (спаси) од менито.

32. Жените навистина се задоволуваат од длабок, рапав глас.

33. „Мидсамер мрдерс“ („Убијци во летната ноќ“, британска детективска телевизиска серија) е огромен хит во Данска.

34. „Луцифер“ и „.“ (точка) се забранети имиња за бебиња на Нов Зеланд

35. Градскот совет на Бирмингем го блокираше зборот „коми“ (комунист) од имејловите кои пристигнуваат во советот.

36. Исправното користење на „немој“ и „не сакам“ во онлајн пораките за дружење ја зголемува стапката на одговори за повеќе од една третина.

37. Французите воки-токи го викаат токи-воки.

38. Филип Хамонд (од британската Конзервативна партија) бил страстен читач на Гардијан.

39. Множењето 6 х 8 децата најчесто го грешат, додека за 9 х 12 им треба најдолго време.

40. Времето не лета кога се забавуваме (едноставно запомнуваме повеќе детали отколку нормално откако ќе уживаме во нешто за кое мислиме дека брзо минало).

41. Бебињата учат да прават гримаси уште во матката на мајката за да можат да покажат дека се несреќни по раѓањето.

42. Мажите кои малку спијат мислат дека жените се повљубени отколку што се виситински.

43. Се до неодамна американската морнарица барала сите официјални пораки да бидат испратени во големи букви.

44. „Божји коски“ било најбезобразниот израз во Средниот век.

45. Летот на Квантас од Сиднеј до Далас е најдолгиот комерцијален лет од 13.790 километри.

46. Пигментот на генот СЛК45А прави тигрите да бидат бели.

47. Не се вели „ревизија на поторшувачката“, туку „потрошувачки круг“

48. Французите немале официјален збор за француски бакнеж... се досега. Тоа е „галошер“.

49. Филмот „Животот на Брајан“ останува забранет во делови на Германија, но само за Велики петок.

50. Ампресанд било некогаш официјална буква кое доаѓала по буквата З во латинската азбука.

51. Во целата држава Вајоминг има само два ескалатори. Таму најчесто се користат лифтови.

52 Песната „Слатки соништа“ („Sweet dreams“) на Јуритмикс е најчесто погрешно цитираната песна во Велика Британија.

53. Вработените во драјв ин на Мекдоналдс нема да услужат луѓе кои доаѓаат јавајќи на коњи.

54. Во Австроунгарското царство, сте можеле да возите и на лево и на десно.

55. Најчест пинкод е 8068.

56. Муштериите во книжарница за шест пати почесто ќе одберат романтична книга или готвач ако намирисаат чоколадо.

57. Научниците се уште не знаат точно како работат велосипедите.

58. Жена која се плаши на сила да биде мажена во странство, се советува да сокрие лажица во долната облека.

59. Во Кенија постои традиција да се трча гол насред ноќ.

60. Првото забележано погрешно користење на зборот „буквално“ било во 1769 година.

61. Шимпанзата и орангутаните пливаат еден вид на градно пливање.

62. Повеќекратно вљубените луѓе смислиле збор кои означува спротивно чувството на љубомора - комперсион.

63. Носењето камуфлажна облека е казниво на Барбадос.

64. Ви треба маса висока 243 сантиметри за лепчето намачкано со путер да падне на долната страна.

65. Џастин Бибер и Вил ај ем живееле врата до врата.

66. Глазговјаните почнуваат да звучат како кокни заради истендерите.

67. Човек со широко лице ги тера луѓето околу него да бидат посебични.

68. Срамежливите машки птици создаваат поблиски пријателства отколку похрабрите птици.

69. На Бил Клинтон му бил покажан џиуџицу зафат од неговото обезбедување за да го спречи Јасер Арафат да го гушне пред камерите.

70. Кубанските спасувачи користат обучени зајаци кои душкаат за пронаоѓање луѓе под срушени згради.

71. Луѓето ставаат повеќе бело вино во чашите отколку црвено вино.

72. Во Советскиот Сојуз била објавена детска книга за петогодишниот план на Сталин.

73. Хју Фернли Витингстал (британски телевизиски готвач) не ги јаде кафените точки во бананите.

74. Некои видови мторбари се парат со таква жестина и интезнитет што тоа ги убива.

75. Француската средновековна книга за готвење „Ле Виадје де Тајвал“ („Обезбедувач на храна“) содржи рецепт за кубење и попарување жива кокошка, која потоа е нишана за да заспие и поставена на чинија помеѓу две печени пилиња.

76. Морисеј во (телевизиската серија) Френдс беше прашан дали ќе ја запее „Смели кетс“.

77. Според универзалното правило за уринирање значи дека на слоновите, кравите, козите и кучињата им треба скоро 21 секунда за да ги испразнат своите бешики.

78. Во играта со составување букви Скрабл, зборот Бенџамин е продолжение со три букви пред збор од пет букви.

79. Одот на мажите успорува за 7 проценти кога тој оди со сопругата или со девојка, но не и за други жени, и се забрзува кога оди со друг маж.

80. Зборот „добиј“ излезе од мода во книгите помеѓу 1940 и 1960 година.

81. Црвената долна облека е популарна во Велс, додека оние во северозападна Аглија купуваат многу повеќе танги.

82. Оригиналното име на Амазон требало да биде Релентлес - а веб адресата relentles.com се уште ве води на веб страната на компанијата.

83. Нервозните кучиња мафтаат со опашките кон лево, а среќните кучиња кон десно (од кучешка гледна точка) - а другите кучиња го разбираат овој јазик на опашките.

84. Најефикасното време за пиење кафе е помеѓу 09,30 и 11,30 часот.

85. Ли Харви Освалд се уште доцни со враќање на книга земена од јавната библиотека во Далас.

86. Лозинката на гласовната пошта на Вејн Руни била „Стела Артоа“.

87. Во Библијата има само едно кивање.

88. Џојн Вејн ја смислил фразата „големото К“ за да избегне да го спомнува канцерот (ракот).

89. Во Русија има единица во армијата составена само од близнаци.

90. Папата работел и како обезбедувач (горила) во клуб.

91. Мозокот на колибри учествува со 4,2 проценти во тежината, што е највисоко отколку кај било која друга птица.

92. Американците го изговараат зборот гифтс (подароци) како „џифтс“.

93. Студентите во викторијанско доба ставале кожа од крокодил по ѕидовите.

94. Математичката шанса да ја сретнете вашата сродна душа е еден спрема 10.000.

95. Долгогодишен љубовник во Зимбабве се нарекува „мала куќа“.

96. Во Бразил распалувањето скара е форма на јавен протест.

97. Урбаните гаврани растат побрзо отколку нивните роднини на село.

98. Хемингвеј никогаш не користел нотес Молескин.

99. Мајките мислат дека нивните најмлади деца се пониски отколку што вистински се, и покрај точното пресметување на висината кај нејзините други деца.

100. Се до мај 2013 година, „да се биде непоправлив лажго“ беше криминален престап.