Еве кои туристи даваат најголем бакшиш
Објавено во: Стил
05 Јуни, 2013 14:15
Добивај вести на Viber
Американците можеби се најлошите туристи во светот, но судејќи според најновото истражување, барем со таа репутација не се здобиле поради оставањето на мал бакшиш.
Истражувањето, кое го спроведе ТрипАдвајзр откри дека 57 отсто од Американците секогаш оставаат бакшиш на своите патувања, што ги става на второ место, веднаш зад Германците (69 проценти).
Резултатите се засовани на истражувањето, кое вклучи девет илјади патници од осум земји: Бразил, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија, Англија и САД.
Шестнаесет отсто од Американците изјавиле дека се свесни оти спаѓаат меѓу нациите кои оставаат добар бакшиш, бидејќи тоа е вообичаена пракса во САД, која ја продолжуваат и во другите земји.
Американците најмногу им оставаат бакшиш на вработените во хотелите (78 отсто), на собарките (76 отсто) и на шанкерите (75 отсто).
Погледнете ја комплетната листа:
1. Германци
2. Американци
3. Руси
4. Бразилци
5. Французи
6. Британци
7. Шпанци
8. Италијанци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: