24 Ноември, 2024
0.0241

Еве кој ќе се збогати, а кој ќе најде нова љубов во 2017

Објавено во: Општо 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

ОВЕН
2017 година ви носи големи успеси како на приватен така и на професионален план, па ако започнете било каков почеток во новата година ќе ви се зајакне и зголеми самодовербата.Ова е совршена година за работа врз себеси, за самопромоција и унапредување на вашиот интегритет во јавноста.

Оваа година ќе ви се отворат бројни можности за нови познанства и контакти бидејќи 3 циклуси на планетата Меркур ќе бидат во движење и ќе отворат нови поволни можности на социјален план. Од 5 јануари до средината на март 2017 година

Меркур ќе биде присутен во полето на вашата групна социјална ангажираност (односи со пријателите, односи со семејството, како и на работа со колегите) и ќе ве зближи со лица од други заедници со кои би можеле да делите исти интереси.
Помеѓу 1 мај и јули 2017 година ќе бидете фокусирани на интелектуалната сфера и доста време ќе поминете во патување како и во квалитетно поминато време со пријателите, семејството и бизнис партнерите.

Од 27 август до ноември 2017 година, вашето поле на интерес ќе се сврти кон вашите најблиски лица: партнерот, пријателите, но условно кажано и на “непријателите” и конкурентите. Ќе дојде и до расчистување на некои односи и ставање на работите на свое место!

БИК
2017 година е ветувачка кога станува збор за љубов, дом и материјално богатство. Во првата половина од годината до август 2017, семејниот и љубовниот живот ќе ви бидат во фокусот. Можно е да се селите во поголем дом или ќе се впуштите во поголемо реновирање, купување на нов намештај.. Ќе се појават и поволни можности за купување на недвижнини или било каков вид на бизнис од овој вид.

Ќе ја имате поддршката од семејството за секој ваш потфат и генерално, кога станува збор за семејството, ќе владее апсолутна хармонија во односите – емоционална сигурност и доста оптимизам ќе ви стане секојдневие. Одлуката за ново дете во оваа година треба сепак да се стави под знак прашалник. Но, ако веќе имате деца тие ќе бидат вашиот најголем извор на радост. Вашите приватни односи ќе влезат во опуштена фаза и тоа набргу на почетокот од годината. После две години заладен однос со вашиот партнер, конечно ќе дојде до повторна емотивна поврзаност.

Односите со пријатлите, но и со колегите на работа и партнерите, ќе биде во знакот на прогрес и напредување, па дури и ќе се исполнат некои долгорочни договори и стабилни врски кога станува збор за кариерата. Во текот на летото, се до септември ќе се јават одредени проблеми на работното место и тогаш би требало целото ваше внимание да го насочите кон нивно решавање.

Кога станува збор за вашата кариера и покрај позитивните вибрации ќе мора да направите некои крупни одлуки. Кога ќе созрее времето за тоа, бидете трпеливи и мудри.
11.август 2017 година Јупитер влегува во вашето поле на љубовта па така следните 12 месеци треба да очекувате денови исполнети со љубов и страст. Кога станува збор за здравјето, стресот ќе биде вашиот најголем проблем, а решението лежи во физичката активност. Започнете да тренирате било што што ќе ве опушти и наполни со позитивна енергија.

БЛИЗНАЦИ
За лицата родени во знакот на Близнаците, 2017 година ќе биде во знакот на врските и новите познанства. Оваа година ви носи некои нови лица во вашиот живот кои можат да ви станат пријатели, бизнис партнери, соработници, но и љубовни партнери!
Но без разлика на големиот број нови луѓе кои ќе се појават, вие ќе бидете многу пребирливи кога станува збор за лица на кои ќе им дозволите да влезат во вашиот живот, бидејќи сакате да бидете опкружени со интелигентни, енергични и отворени луѓе.
Ова не е новина во вашиот избор на пријатели со кои го минувате времето, но оваа ваша карактеристика ќе биде дополнително изразена во 2017 година. Обратете внимание на своите остри критериуми и не претерувајте.

Сатурн ќе остане во полето на вашиот знак речиси во текот на целата година, со мала пауза помеѓу јуни и септември, а со оглед на тоа што оваа планета не сака лековерност, ќе бидете многу претпазливи со луѓето кои ја немаат длабочината која вие обично ја барате во луѓето. Исто така, кога станува збор за односот со вашиот партнер, ќе минете низ доста двоумења и преиспитувања. Обидувајте се да ги одбегнувате конфликтите, бидејќи работите нема секогаш да се одвиваат во ваша корист, а факт е дека и вашите очекувања тешко се исполнуваат. Вашиот социјален живот ќе биде најактивен досега, иако целите на ова поле ќе ви бидат драстично прагматични и аналитични. За вас, тоа нема да биде само чиста забава и дружење.

Постојат големи шанси да се вклучите во некоја групна активност или друштвена организација, како што се на пр.невладините организации.
Кога кариерата е во прашање, очекувајте прогрес и успех. Ќе дојдете во допир со доста луѓе кои можат да ви бидат од корист. Ќе се случат настани и лица кои ќе ви отворат нови врати. Здравствената состојба за 2017 година ќе ви биде одлична, без поголеми проблеми!


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.