2017 година ќе ви делува како долго чекано празнично време после премрежјата во 2016. Додека минатата година Сатурн и Јупитер беа потполно неважни за вас и луѓето околу вас, 2017 ќе биде клучна за вас. Оваа година ќе почувствувате силно влијание и енергија која тие ви ја испраќаат.
2017 година ќе биде во знакот на воспоставување на врски, како со партнерот, така и со пријателите, бизнис партнерите и колегите. Уран ќе влијае врз вашите желби за нови работи, слобода и оргиналност.
Најголемо влијание од оваа планета ќе се чувствува кај меѓусебното разбирање и почитување на туѓата слобода. Аспектите како што се некомформизам, егзотични интереси и новини, ќе донесат позитивни вибрации во секој тип на односи, без разлика дали се љубовни или бизнис односи.
Уран своето влијание ќе го изрази преку куќата на среќата, па ќе броите драстични успеси на сите полиња, а посебно на оние кои се однесуваат на групните здружувања и активности како што се дружбите со пријателите или работа во невладини агенции. Ќе ви се отворат бројни можности за квалитетно поминато време со драги пријатели.
Во текот на 2017 година позицијата на Сатурн во вашиот знак ќе влијае врз зголемување на вашата методичност, фокус, објективно размислување, способност за донесување одлуки, но и за учење, стекнување со нови знаења и искуства, како и создавање на ефикасен план за понатамошен развој на кариерата.
2017 ќе биде добра година за нови знаења и емотивни врски. Потрудете се да бидете отворени за нови и непредвидливи работи, настани и луѓе, а вашите фантастични искуства споделувајте ги со други луѓе.
ШКОРПИЈА
Сега конечно можете да се опуштите. Сатурн го напушта вашиот знак па вие ќе добиете чувство на слобода, духовен напредок, додека вашата физичка енергија ќе биде во значителен пораст. Животот ќе ви делува поубав, а вие ќе имате впечаток дека вашите намери полесно се остваруваат.
2017 година ќе биде одлична година за вашата кариера. Јупитер ќе се задржи во знакот на Шкорпија се до август, а со тоа добивате на престиж и значително влијание врз успехот. Неговата позиција ќе ви даде вистинска можност и шанси за напредок и прогрес.
Во август Сатурн ќе влезе во куќата на парите и ќе се задржи до декември 2018, а тоа е година во која ќе ви се отворат можности за профитабилна, финансиска заработка. Добри сте во организирање и планирање и генерално управување со финансиите што ќе ви донесе и подобар буџет.
Постои можност, одненадеж да пронајдете решение за здравствен проблем кој веќе подолго време ве измачува, што ќе доведе до клучна промена на подобро во вашиот животен стил. Во текот на 2017 ќе се опуштите повеќе, па ќе го подобрите и сопственото мислење за себеси.
Кога станува збор за семејството, атмосферата ќе биде и повеќе од идилична, а ако имате деца, тие ќе бидат главниот извор на вашето задоволство, гордост и среќа. Кога се во прашање љубовните односи, ќе бидете збунети, но и возбудени, повеќе отколку во текот на 2016 година.
СТРЕЛЕЦ
Враќањето на Сатурн ќе биде убедливо најголемиот настан за лицата родени во знакот на Стрелец. Познат и како “злочест” Сатурн може да донесе бројни проблеми како што се песимизам, помалку самодоверба и верба во себеси,пад на физичката енергија, ограничена слобода во движењето, болести, различни препреки, одложување на големи планови.
Значи, 2 години (2016-2018), онолку колку што Сатурн ќе се задржи во овој знак, може да се окарактеризираат како години на фрустација и ограничување.
Но, oд друга страна Сатурн се поврзува и со мудрост, перфекционизам, стабилност, издржливост и трпение. Со Сатурн во вашиот знак се отвораат можности за градење на стабилни работи, за постигнување на повисоко ниво на мудрост и самопознавање, подобро разбирање на сопствените потреби и можности за остварување на зацртани цели.
Така добивате способност за создавање на позитивни мисли за натамошниот тек на вашиот живот. Во поглед на приватниот живот, врската со Јупитер, Сатурн и Уран ќе ве направи непобедливи во борбата за постигнување на зацртаните цели.
Првата половина од годината ќе биде во знакот на патувањата, култура, студии и врски на далечина (љубовни, пријателски), додека во втората половина ќе бележите успех во кариерата и на работен план, самопромоција и развој.
Кога станува збор за сентименталната сфера постојат оази на ентузијазам кои ќе отворат можност за уникатни искуства. Цела година генерално ќе ви биде во знакот на замисленост, грижи и блага апатија, но ќе ја задржите вербата во себеси и својата сила при донесување на одлуките.