20 Декември, 2025
0.0932

ЕВЕ КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ДРЖАВНИ ПАРИ ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ - Владата го претстави новиот сет антикризни мерки, има за социјалците и за пензионерите

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022 06:31

Добивај вести на Viber

Ваучери со финансиска помош од три илјади денари во наредните четири месеци за социјално загрозените и ранливите категории на граѓани како и за пензионерите е една од сетот антикризни мерки кои денеска ги усвои Владата на 88 седница.

„Ќе се погрижиме за сите. Буквално сите да бидат згрижени. Ќе биде тешко кај нас. Ќе биде тешко и во многу други земји. Но тука дома ќе се погрижиме сите да имаат доволно греење и храна за да ја преживеат зимата. Посветени сме на наоѓање на начин како да ја здржиме ликвидноста на компаниите и животниот стандард на граѓаните“, кажа премиерот Димитар Ковачевски кога ги соопштуваше мерките. 

Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и активните баратели на работа и стечајните работници или вкупно 42 илјади граѓани. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

„Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци односно по 1.500 денари месечно има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра кои би почнале да се даваат од ноемвриската пензија“, појасни премиерот Ковачевски.

Над 470 основни и средни училишна во државата се ставаат на регулираниот пазар со што ќе плаќаат далеку помали сметки за потрошена струја а државата ќе помогне со еден милион евра а помош ќе има и за јавните здравствени установи кои ќе купуваат струја директно од ЕСМ.

Антикризни мерки за помош и за микро, малите и средните компании.

„Го прошируваме опсегот на компании кои се корисници на кредитно - гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање за обезбедување на обртни средства за што се предвидени околу 5 милиони евра. Обезбедуваме директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва ,согласно тековната состојба, како и трговски претпријатија и занаетчии кои плаќаат давачки на реален приход“, рече премиерот Ковачевски.

За големите компании не беа соопштени евентуални анти кризни мерки. Рокот кој беше доставен од Стопанските комори даден на состанокот на Економскиот совет истекува во среда.

„Сега не е време за финансирање на профитот. Правиме анализи на компаниите кои се најголеми потрошувачи. Кај дел од нив не е проблем само цената на енергенсите туку и во цената на рудата која ја копаат“, објасни премиерот Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави мерка за производителите на основните прехранбени производи која би стапила на сила од од 1 декември.

Од Владата соопштија дека очекуваат дел од сетот антикризни мерки за кој е потребна согласност во Собранието да помине и да нема опструкции од опозицијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки