20 Декември, 2025
0.0986

ЕВЕ ПОД КОИ УСЛОВИ ЌЕ МОЖЕ ДА АНГАЖИРАТЕ СЕЗОНЦИ – законско решение само за земјоделци, објекти за сместување, домаќинствата

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Со цел зголемување на јавните приходи повеќе пратеници предлагаат носење на Закон со кој ќе се овозможи пријавување и на сезонските работници, или работници на краток период. Имено, како што е посочено во документот доставен во Собранието „преку формализирање на непријавената работа и унапредување на владеењето на правото, законското решение ќе овозможи поедноставена постапка за работно ангажирање на лица за повремени и сезонски работи во одредени дејности“.

- Предложеното решение е во согласност со стратешките определби на државата за стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности преку воспоставување систем на превентивни и стимулативни мерки за поддршка. Предложеното решение црпи од искуства на земјите од регинот и Европската Унија и клучна цел е со донаторска поддршка да се воспостави регистар за евиденција на работно ангажирање усогласен со постојните системи и ИТ мрежи кои веќе се во функција - се посочува во документот доставен во Собранието, а на кој потпишани се група пратеници во Собранието.

Предлагачите укажуваат дека целта на Законот за работно ангажирање на лица е да овозможи остварување на правата на лицата ангажирани по овој основ, уредување на правата и обврските кои произлегуваат од работниот ангажман, задоволување на потребата од работна сила кај работодавачите, формализирање на непријавената работа во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство, Објекти за сместување и сервисни дејности за храна и Дејности на домаќинството како работодавач.

Со овој чекор според нив ќе се зголемат јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси од задолжителното социјално осигурување.

-  Донесувањето на Законот ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, сузбивање на неформалната економија и подобра контрола на спроведување на трудовото законодавство. Со овој пропис се регулира начинот на воспоставување на работни ангажмани со или без прекини кои ќе имаат значајна улога за вклучување на одредени категории лица во рамки на формалната економија– укажуваат предлагачите.

Ангажирањето на работници ќе се прави во поедноставена постапка со пријава на лицето преку регистар за евиденција на работно ангажирање на Агенцијата за вработување. Наплатата на даноците и придонесите ќе се врши преку надградба на системот за наплата на даноците и придонесите на Управата за јавни приходи. Развојот, надградбата и прилагодувањето информациските системи на Агенцијата за вработување и Управата за јавни приходи ќе се реалиизра со донаторска поддршка. Исто така, со овој закон ќе се прошират надлежностите на Агенцијата за вработување за управување и одржување на регистарот за евиденција на работно ангажирање.

Донаторската поддршка, покрај трошоците за воспоставување на регистарот за евиденција на работно ангажирање, опфаќа и обуки за персоналот од јавните институции за користење и одржување на системот, како и инсталирање на потребните софтверски решенија и едукација на работодавачите и сезонските работници. Нема да биде потребно формирање нови институции ниту набавка на посебна опрема. 

- Целта на законот e да се уреди работното ангажирање на лица за вршење на работи од повремена или сезонска природа, а заради остварување на правата на лицата ангажирани по овој основ, задоволување на потребата од работна сила кај работодавачите и формализирање на неформалната работа. Ангажирањето согласно овој закон е од повремена или сезонска природа во одредени дејности и не претставува работен однос согласно Законот за работните односи– се нагласува во законот.

Во него исто така се предвидени и казни за прекршителите. Казните ќе се движат од 200 до 1.000 евра, во зависност од големината на компанијата. Утврдено дека ќе се казнува ако не се почитуваат одредбите од законот, ако работодавачот не го запознае ангажираниот работник со условите за работа, ако прекрши некои од одребите. Казни ќе следуваат и за раководните лица и тоа ќе се движат од 150 евра за мала фирма, 300 евра за раководител во средна компанија и 400 евра за раководител во голема компанија.

Законот предвидува и високи казни во износ од 500 до 1000 евра за мал работодавач, од 1.000 до 2.000 евра за среден работодавач и од 2.000 до 3.000 евра за голем работодавач ако ангажира лице спротивно на законот, односно од дејности кои не се опфатени со овој закон. Исто толку високи казни ќе следуваа и за неисплатен паричен надоместок од работното ангажирање. Казни ќе следуваат и во други ситуации.

-  Донесувањето на Законот за работно ангажирање на лица во одредени дејности ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, сузбивање на неформалната економија и подобра контрола на спроведување на трудовото законодавство. Со овој пропис се регулира начинот на воспоставување на работни ангажмани со или без прекини кои ќе имаат значајна улога за вклучување на одредени категории лица во рамки на формалната економија - нагласуваат предлагачите.

Интересно е да се напомене, дека предлагачи на ова законско решение се голем број пратеници од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и од редовите на СДСМ. Потпишани на документот за Законот за работно ангажирање на лица се  Ангелинка Петкова ов ВМРО, но и поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевскаод СДМС, Бојан Стојаноски од ВМРО, поранешниот премиер Димитар Ковачевски, како и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Меѓу предлагачите се и Грација Бакраческа, Даниела Николова, Драгана Бојковска, Душко Иванов, Ели Панова, Емил Спасовски, Златко Пенков, Зоран Коцевски, Зоранчо Јованчев, Јован Јаулески, Јован Митрески, Јованка Тренчевска, Катерина Димитровска, Лидија Петкоска, Миле Талевски, Митко Трајчулески, Оливер Спасовски, Петар Ристески, Пеце Милевски, Сергеј Попов,  Соња Мираковска, Тони Јаревски, Фатмир Битиќи.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба