Еве што ги мачи оние чие работно време е до 15 часот
Објавено во: Стил 05 Јуни, 2013 16:00
За најголемиот број вработени 14:55 е време кога најмалку се продуктивни: тогаш се проверуваат статусите на Фејсбук и очајнички се бара кафе или некое чоколадо да се придвижат. Но, тоа не е се...
Од овој проблем страдаат сите, затоа што после долгиот и луд работен ден, вниманието почнува да се намалува, па дури и тие највредните почнуваат да разгледуваат фотографии на своите пријатели на Фејсбук или Твитер.
Ова е заклучокот на анкетата чија цел била да се утврди времето на најмала продуктивност на работникот. Испитаниците го означија 14:55 часот како време кога најмалку им се работи.
Некои тогаш се допишуваат со пријателите, додека други почнуваат со планирање на вечерните активности.
Еден од испитанциите кој учествуваше во анкетата рече:-Штом часовникот покаже 15:00, морам да признам дека почнувам со планирање како да ја поминам вечерта. Друг признава: -Обично многу работам наутро и го завршувам поголемиот дел од работата, но проблем се јавува после ручекот кога имам чувство дека ми недостасува шеќер во крвта.
Многу работници тврдат дека остатокот од работниот ден го минуваат така што пијат јако кафе и јадат чоколада за да се вратат во форма после клучните 14:55.
На другиот крај на спектарот, работниците велат дека најпродуктивно време во денот им е во 10:26 часот. Тогаш проверуваат и одговараат на мејлови и го планираат работниот ден.
Исто така, друг најпродуктивен момент е 16:16, кога работниците брзаат да ги завршат дневните задачи за да ги напуштат канцелариите на време. Сепак, признаваат дека психички се исклучуваат од работа околу 18 минути пред да ја напуштат канцеларијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





