18 Декември, 2025
0.0966

ЕВЕ ЗА ШТО РАЗГОВАРАА ЕРДОГАН И ШОЛЦ: Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи

Објавено во: Балкан 19 Октомври, 2024 18:44

Добивај вести на Viber

Турција сака да ја зајакне соработката со Германија во набавката на производи од одбранбената индустрија, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Истанбул.

Тој додаде дека Анкара и Берлин се определени за борба против терористичките групи, посебно Курдската работничка партија (ПКК), терористичката организација Фетулах (ФЕТО), кои ја загрозуваат јавната безбедност на Германија.

- Имаме интензивни односи со нашата НАТО сојузничка – Германија во сите можни области помеѓу двете големи држави, посочи Ердоган.

Тој се осврна и на ситуацијата на Блиски Исток, наведувајќи оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има „експанзионистички начин на размислување“ со очигледна намера да го прошири судирот вон неговите моментални граници.

Шолц вети дека Германија ќе ја интензивира одбранбената соработка со Турција. Тој потврди дека германската Влада одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Турција.

- Турција е сојузник во НАТО и во таа смисла ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина, истакна Шолц.

Турција е заинтересирана за купување авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се заеднички произведени од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Шолц посочи дека во моментов се водат разговори помеѓу Велика Британија и Турција за потенцијална продажба.

Германската продажба на оружје на Турција изминатите години во голема мера беше блокирана од Партијата на зелените, коалицискиот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно политички притисоци и различните ставови за надворешната политика. 


Фото: Реџеп Таип Ердоган/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии