18 Мај, 2024
0.0298

Еве зошто би требало наутро да пиете вода со лимон!

Објавено во: Стил 21 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Ако го започнете утрото со чаша топла вода со лимон, ќе добиете бројни позитивни ефекти на организмот и на целокупното здравје. Овој метод се практикува во Ајуверди веќе со векови, а езе и зошто би требало водата со лимон да ја внесете во својот утрински ритуал.

Му помага на варењето

Не само што топлата вода го стимулира системот за варење, туку лимот го чисти и стимулира црниот дроб. Исто така лимонот и помага на желудечната киселина подобро да ја свари храната.

Го подига имунитетот

Цитрусното овошје, во кое спаѓа и лимонот, е богато со витамин Ц и аскорбинска киселина. Витамин Ц помага во борбата со настинка, а аскорбинската киселина помага во подобра апсорпција на железото кое игра важна улога во јакнеењето на имунитетот.

Го алкализира организамот

Ако телото ви е во хроничен пХ дисбаланс, имате повеќе шанси да се разболите. Иако лимонот ви е кисел, тој во телото се претвара во база и го алкализира, а со тоа и побрзо ќе го избалансирате пХ на својот организам, пред се ако исхраната ви е богата со месо и млечни производи.

Детоксикација на организмот

Лимонадата е природен деуретик, што значи дека му помага на телото да ги исфрли течностите и токсините. Цитрусната киселина исто така го зголемува бројт на енземи кои го стимулираат црниот дроб.

Дава енергија

Многумина тврдат како топлата вода со лимон, после неколку дена редовно косзумирање, подобро ги буди отколку кафето. Комбинацијата на вода и лимон помага во хидратацијата и оксигенизацијата на крвта, поради што потоа се чуствуват фантастично.

Ја одржува кожата убава

После хроничната дехидрација, кожата може да изгледа изморена и сива. Витамин Ц игра главна улога во одржувањето на здрава кожа, а антиоксидансите се борат со стареењето.