ЕВН Хоме ќе мора да купува вишок електрична енергија од домаќинствата и индустријата
Објавено во: Економија 22 Февруари, 2022 14:26
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција најави дека за една недела ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач.
Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ.
- Електрична енергија ќе може да произведува целата индустрија и домаќинствата и ќе биде обврзувачки да се купува од универзалниот снабдувач по цена која се продава на домаќинствата, рече Бектеши.
Министерот додаде дека ова е една е една од реформите што се прават во енергетскиот сектор заради полесно справување со кризата во која се најде стопанството со неколкукратно повисоките цени на струјата, природниот гас и топлинската енергија.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




