20 Декември, 2025
0.0902

Евробаскет: Словенија очекува да инкасира 28 милиони евра

Објавено во: Балкан 03 Септември, 2013 08:56

Добивај вести на Viber

Во средата во Словенија почнува Европската првенство во кошарка. Медиумите анализираат дека земјата очекува да инкасира приход од 28 милиони евра. Според проценките се очекува Словенија за време на првенството да ја посетат 30 илјади странски гости. Само од приход од ноќевања, се очекува да велзат 11 милиони евра. Ќе се намалат цените? Ако се задржи европскиот просек на просечната потрошувачка на спортски туристи од 80 евра на ден, во Словенија навивачите ќе остават 13 милиони евра. Натпреварите ќе се играат во четири града: Љубљана, Копар, Целје и Јесенице . Угостителите, особено во овие четири града, се надеваат дека ова позтивно ќе влијаеза нивниот бизнис, а дополнително се надеваат и дека во следните три недели, локалните општински власти нема да правата проблеми околу за ограничувањето на работното време до 22 часот, пишуваат словенечките медиуми. Многу од угостителите, на прашањето кој ќе биде победникот на турнирот одговарале : "Ние , угостителите . " Но, иако ел од медимите пишуваа дека се очекува, хотелите, рестораните и баровите да ги зголемат цените за време на Евробаскетот, сепак сега се погласни се најавите дека повеќето од нив не размислуваат за тоа. Покрај тоа, некои дури се подготвени да ги намалат цените на пијалоците со цел да привлечат повеќе фанови. Трошоците за организација на Европското првенство во кошарка се проценува на 15 милиони евра, а Словенците очекуваат околу 13 милиони нето добивка. Паралели со Светското ракометно првенство во Хрватска Но, ако се суди по Светското ракометно првенство, кое се одржа во март 2009 година во Хрватска, прашањето е дали финансискиот резултат може да се очекува. Ова првенство се одржа во седум градови : Сплит , Пула , Осиек, Вараждин, Задар, Пореч и Загреб. Сепак, настанот претходно беше проследен и со голем инвестициски проект во кој се изградени шест нови мега спортски сали. Само една во Пула е реновирана . Изградбата на салите чинеше 277 милиони евра, а крајаната сума што за нив ќе се плати е 581 милион евра, анализраат хрватските медиуми. Дополнително, половина од нив сега зјаат празни, а според пишувањата на тамошните медиуми, сплитската Спаладиум Арена се распаѓа. Иако конечните податоци за трошоците и приходите на Светското ракометно првенство во 2009 година никогаш не беа објавени, се проценува дека вкупната заработувачка изнесувала околу 13,5 милиони евра. За успех може да зборуваат само само некои градови домаќини, но не и за Сплит, бидејќи според достапните податоци, во време на првенството градот имал само 2500 посетители повеќе од истиот период во претходната година. Задоволни беа во Осиек, каде што 800 гости во инаку мртвата сезона ги исполнија хотелите и приватните сместувања. Сепак , унгарските навивачи биле разочарување бидејќи секојдневно ја минувале границата за да спијат во Унгарија. Токму затоа хрватските медиуми, анализраат дека истото може да и се случи и на Словенија со оглед дека на натрпеварот учествуваат речиси сите нивни соседи, па може да го има истото сценарио, односно навивачите да си одат и да спијат во своите земји. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација