14 Декември, 2025
0.0344

Еврогрупата со позитивни ставови пред состанокот за Грција

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2012 19:14

Добивај вести на Viber

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, изјави дека ќе работи конструктивно со министрите за финансии од еврозоната, кои денеска имаат состанок во Брисел за помошта за Грција. - Тука сме за да работиме многу конструктивно и да видиме дали може да се најде решение за Грција. Тоа е нашата висинска цел, нашата намера и нашата мисија, изјави Лагард пред состанокот. Лагард нагласи дека долгот на Грција мора да биде одржлив. - Имаме добри шанси да дојдеме до убедливо заедничко решение, но не можам сосема да бидам сигурен, изјави претседателот на еврогрупата Жан Клод Јункер пред да почне да претседава со состанокот. Според него, „јасно е дека Грција го испорача тоа што беше побарано од неа“. Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен повтори дека „Грција покажала оти е сериозна во врска со фискалните мерки и реформи“. Рен рече дека разговорите со ММФ биле „конструктивни“ и изрази увереност дека вечерва ќе биде постигнат договор. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изрази надеж дека разликите со ММФ би можеле да бидат надминати, со што уште вечерва би можел да биде постигнат договор. Од друга страна, ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан изјави дека не е сигурно оти министрите за финансии од еврозоната ќе постигнат договор за Грција на вечерашниот состанок во Брисел. Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас на средбата влезе без коментар за медиумите.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск