20 Декември, 2025
0.1275

Еврокризата го зголеми бројот на самоубиства и заразни болести

Објавено во: Свет 29 Март, 2013 13:56

Добивај вести на Viber

Европската финансиска криза носи  животи, зголемен е бројот на самоубиства и заразни болести, но за жал политичарите со тој проблем не се занимаваат, предупредија здравствени експерти врз основа на анализи. Поради длабоките буџетски кратења и раст на невработеноста има се повеќе депресивни луѓе, а поради падот на приходите се се помалку кои бараат лекарска помош или издвојуваат пари за купување на потребни лекови. Резултатите од анализата за здравјето во Европа објавени во медицинското списание The Lancet покажуваат дека настапил негативен пресврт по 2007 година, кога бил забележан пад на бројот на самоубиствата. Од друга страна негативен пресврт се очекува во раст на бројот на заболени од заразни болести, меѓу кои се заразата од вирусот ХИВ, па дури и маларија во Грција. - Последиците од кризата на здравството се занемаруваат иако се многу очигледни – вели Марин МекКи од Европскиот опсерваториум за здравствени системи и политика, кој делува со поддршка на Светската здравствена организација. Договорот на Европската унија – ја обврзува Европската комисија да ги следи ефектите од сите политики кои ги спроведува на здравствената состојба на граѓаните. Но, ЕК не ги објави резултатите на здравствените ефекти од мерките за штедење кои за членките на ЕУ погодени од должничката криза ги потпиша тројката – предупредува МекКи. Тројката која ја сочинуваат претставници на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ, одредува стопанска програма за која земјите што се во долгови се должни да ја спроведуваат во замена за спасоносните кредити. Експертите ја истакнуваат државата Исланд како светол пример на земја која по банкарскиот колапс и финансиската криза ги отфрли мерките за штедење кои ги бараше ЕУ. Исланд не е членка на ЕУ но во нејзините банки многу граѓани на ЕУ ги чуваа своите пари. Исланд напротив продолжи да вложува во својот социјален систем и финансиската криза не наштети на здравјето на граѓаните во земјата. Напротив, во членките на ЕУ кои се погодени од должничката криза во еврозоната, меѓу кои се Шпанија, Португалија и Грција, има многу негативни последици од кризата на јавното здравје. Така се повеќе пациенти го одложуваат лечењето за подоцна, што ги влошува изгледите за лечење и поскапо е за здравствениот систем. Во Грција болниците се борат како воопшто да ги одржат основните стандарди. Резултат од таквата состојба е раст на заразни болести отпорни на антибиотици како и недостиг на лекови, а меѓу нив се и лековите за епилепсија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја