27 Септември, 2024
0.0279

Обновено:Евролидерите го завршија самитот без договор

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Без договор вечерва заврши самитот на ЕУ за новиот 7 годишен буџет на Унијата. Следниот самит според дипломатите се очекува на почетокот на следната година. Лидерите на 27 земји во изминативе два дена не успеаја да се договорат за буџетот вреден билион евра евра.

Претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, заедно со првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, на штотуку завршената прес-конференција објавија неуспех во договарањето на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2014-2020 година.

- Земјите-членки ни дадоа мене и на претседателот Барозо мандат во наредните недели и месеци да продолжиме со работа и консултации со цел да се дојде до консензус меѓу 27-те земји-членки на Унијата за МФФ “2014-2020”. Билатералните разговори што ги имав вчера и денеска со лидерите на земјите-членки продолжија во конструктивна дискусија на состанокот на Советот и покажаа доволен потенцијал за постигнување на договор на почеток на следната година, истакна Ван Ромпуј на пресот по завршувањето на состанокот.

Претседателот на ЕС посочи дека европскиот буџет е важен за кохезија на ЕУ и раст и работни места во сите земји-членки. Тој додаде дека секое евро мора внимателно да се троши во иднина и дека има многу работи кои Унијата треба да ги направи за земјите и граѓаните, со цел идниот буџет да предизвика економски раст и отворање на нови работни места, па дека токму затоа е и повисок од седумгодишниот буџет за периодот 2007-2013.

- Откако вчера ги слушнав сите барања на лидерите на земјите-членки, јас излегов со нов предлог кој беше за 80 милијарди понизок од предлогот на Европската комисија и изнесуваше 973 милијарди евра за седум години. Сепак, очигледно е дека е потребно време за финализирање на сите солуции оти договараме буџет за идната декада, а следните седум години се круцијални за оправување на Европа, додаде Ван Ромпуј, според кого нема потреба од драма, бидејќи преговорите се комплексни и како пример го посочи договарањето на актуелни обуџет на ЕУ за перидоот 2007-2013 година, кој се договарал неколку години.

Во заедничкото соопштение на лдиерите на змејите-членки на ЕУ по средбата, тие само кусо посочија дека во иднина мора да најдат можност да ги премостат постојните разлики.

- Европскиот буџет е важен за кохезијата на Унијата и за создавање на нови работни места и економски раст во нашите земји, се вели во соопштението. Она што зачуди денеска е податокот дека Европската комисија го зголеми своето барање и инсистираше на седумгодишен бџует од 1.047 милијарди евра, додека Советот остана на барањето за 140 милијарди евра годишно в окасата на Унијата.

Сепак, Велика Британија и премеирот Дејвид Камерон беа цврсти во намерата за стегање на ременот и инсистираа на седумгодишен буџет од само 860 милијарди евра, додекаа Германија е согласна за 100 милијарди повеќе од британското барање.

- Ова беа комплексни, но и конструктивни разговори. Овој буџет е од витален интерес на ЕУ, нејзините земји-членки и граѓаните. Реалност е дека се уште не сме блиску до консезус и потребна е нова рунда на разговори. За мене лично ова е трето договарање на буџет на ЕУ, по она во 1992 и 2005 година, но сега ситуацијата е далеку покомплексна и факт е дека за првпат во историјата на Унијата дискутиравме за реални кратења, не за зголемување на буџетот. Плус, сето ова го правиме со повеќе членки, оти во 1992 година бевме 12, сега сме 27 и наскоро ќе бидеме 28 земји-членки, потенцираше Жозе Мануел Барозо.

Според претседателот на Европската комисија, точно е дека се разговарало за квантитетот, односно за сумата на буџетот на ЕУ, но според ЕК, многу поважен е квалитетот на истиот.

Модернизација на буџетот, креирање раст и работни маста, прудиктивни и капитални инвестиции, спроед Барозо се се она што треба д аго има во иднио седумгодишен МФФ, што е и во рамки на “Европа 2020” стратегијата.

Потенцирајќи дека тој и Комисијата остануваат на барањето за 1.047 милијарди евра седумгодишен буџет, Барозо кажа дека кохезиската политика за економска стратегија што би донела бенефит за граѓаните и бизнис-секторот се важни, но мора да се издвојува и потребна сума за одредени земји и региони во Европа.

- Не сакаме да имаме кратење на капацитетот на ЕУ-институциите. Ние мора да бидеме компетитивни и да испорачуваме. Предложениот буџет е мал и ЕК се бори да биде модернизиран и д аобезбедува раст и работни места.Ние ќе го браниме нашиот предлог, но факт е и дека на крајот мора да се најде компромис, додаде Барозо.

Ван Ромпуј, пак, додаде дека иако неговиот предлог гарантирал кратење оти е за 80 милијарди евра помал од оној на Комисијата, сепак, според него тој содржи и зголемување, оти за разлика од актуелнито седумгодишен буџет е за 20 милијарди повеќе.

Тој птоенцира дека на ова ниво, најпаметно е да се задржи нивото на кратење за 80 милијарди и дека во неделите и месеците што доаѓаат со добра подготвителна работа и баланс може да се реши ова сензитивно прашање.

- Очигледно е дека сите лидери на земјите-членки сакаат нивните оригинални планови да се почитуваат, но мојот предлог бара кратења и сега не беше прифатен. Но, она што го чувствувам како претседател на ЕС е дека има политичка волја за наоѓање на договор,  истакна Ван Ромпуј.

Интересно е дека дури и да дојде до договор, целиот напор на лидерите на земјите-членки може да падне во вода оти Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) мора да биде изгласана и од Европскиот парламент.

А, европарламентарците одамна ставија до знаење дека сакаат поголем, а не помал буџет и голема е веројатноста дека и во иднина, ако биде изгласан помал седумгодишен буџет на Европската унија од страна на Европскио совет, ЕП да го одбие, по што ќе мора да се организираат нови Специјални состаноци и повторно да се договара што може да се оддолжи до недоглед.

Токму на тоа на крајот на денешниот завршен прес го посочи и Барозо: - Иако мислам дека предлогот на Комисијата е најдобар, сепак за МФФ одлучуваат земјите-членки со консензус и да не заборавиме - Европскиот парламент! Она што правам е да продолжам да го бранам предлогот на ЕК, но и да им укажам на владите и на Европарламентот дека мора да најдеме компромис, оти ако немаме буџет ќе не чини многу, како економски, така и политички, па и социјално. Сите мора да ја одиграат својата улога, и јас барам земјите-членки да најдат компромис - апелираше челникот на Европската комисија.

Доколку до средината на 2013 година Европскиот совет и Европскиот парламент не ја договорат Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2014-2020 година, тогаш, според правилата Унијата би продолжиле да функционираат со актуелната буџетска рамка, а која во моментов е 953 милијарди евра за периодот од 2007 до 2013 година или по околу 136 милијарди евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидоа да прикријат сè“ - потона најновата кинеска нуклеарна подморница

„Се обидоа да прикријат сè“ - потона најновата кинеска нуклеарна подморница

„ХЕЛЕНА“ БЕЗМИЛОСНА, УДИРА НА ФЛОРИДА СО 215 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: „Со црн маркер напишете си го името на раката за да можеме да ве идентификуваме“

„ХЕЛЕНА“ БЕЗМИЛОСНА, УДИРА НА ФЛОРИДА СО 215 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: „Со црн маркер напишете си го името на раката за да можеме да ве идентификуваме“

ИСЧЕЗНА ЧОВЕКОТ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРОДАВАЛ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: Отишол во САД и оттогаш му се губи секаква трага

ИСЧЕЗНА ЧОВЕКОТ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРОДАВАЛ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: Отишол во САД и оттогаш му се губи секаква трага

„СТРАВ ОД СМРТОНОСНА ОДМАЗДА ОД РУСИЈА“: Еве што пишува реномираниот „Њујорк тајмс“

„СТРАВ ОД СМРТОНОСНА ОДМАЗДА ОД РУСИЈА“: Еве што пишува реномираниот „Њујорк тајмс“

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

НОВ ПАКЕТ: Какво оружје испраќа САД во Украина?

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

ЛИБАН: Повеќе од 70.000 луѓе се на улица

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН: Експерт анализира дали ќе се случи и колку долго би можела да трае

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

РУСКАТА СЛУЖБА ОТКРИ КОЈ УЧЕСТВУВАЛ ВО ЕКСПЛОЗИИТЕ НА „СЕВЕРЕН ТЕК“ - прстот го вперија кон две земји

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?

Ќе го пукне ли како балон Нетанјаху митот за непобедливоста на Хезболах?