Европа бавно се вакцинира, констатира СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Април, 2021
Неприфатливо бавно e темпото на вакцинација во Европа, забележуваат од Светската здравствена организација.
Во европскиот регион на СЗО само 10 отсто од скоро 900 милиони луѓе примиле една доза вакцина. Поради лошата ковид слика околу 27 земји од над 50 вклучени во европскиот регион на СЗО спроведоа делумно или целосно заклучување. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека ситуацијата е позагрижувачка отколку што беше претходните месеци. Вели дека вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата. И во Европа се појавуваат нови мутации на вирусот. Мутација неодамна е откриена во Чешка. Со тоа опасноста расте.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.