ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството
Објавено во: Свет 23 Април, 2024
Светската метеоролошка организација на ОН и климатската агенција на Европската унија, Коперник, вчера објавија дека Европа е континентот што се загрева најбрзо - температурата се зголемува двојно повеќе од глобалниот просек, што може да има големи последици за луѓето, здравствената и економската дејност.
Последните петгодишни просеци покажуваат дека температурите во Европа сега се за 2,3 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, додека на глобално ниво зголемувањето е речиси половина од тоа - 1,3 степени Целзиусови повеќе - се вели во заедничкиот извештај на двете организации објавен денеска.
Коперник објави дека март бил 10-ти последователен месец со рекордна месечна температура.
Просечната температура на површината на морето ширум Европа достигна највисоко годишно ниво во 2023 година - се вели во европскиот извештај.
Годинава, извештајот се фокусираше на влијанието на високите температури врз здравјето на луѓето, истакнувајќи дека смртните случаи поврзани со топлината се зголемени низ целиот континент.
Во соопштението се наведува дека повеќе од 150 животи биле директно изгубени минатата година поради невреме, поплави и пожари.
Трошоците поради економските загуби поврзани со временските услови и климата се проценуваат на повеќе од 13,4 милијарди евра во 2023 година. Екстремните временски услови предизвикаа топлотни бранови, шумски пожари, суши и поплави – се наведува во извештајот.
Високите температури придонесоа за брзо губење на мразот на глечерите, вклучувајќи ги и Алпите, кои изгубија околу 10% од преостанатиот мраз во последните две години.
Во извештајот се наведува дека Европа, како одговор на ефектите од климатските промени, треба да ја забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија - ветер, сончева и хидроенергија.
Тој континент лани произведе 43 отсто од електричната енергија од обновливи извори, што е за 36 отсто повеќе отколку во 2022 година. Две последователни години во Европа се произведува повеќе енергија од обновливи извори отколку од согорување на фосилни горива.
Форбс н1 инфо.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.