20 Декември, 2025
0.0325

Европа ја очекува топлотен бран: Дел од неа поплавен

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2019 07:40

Добивај вести на Viber

Во наредните денови во Европа се очекуваат рекордно високи температури. Меѓу најпогодените ќе бидат Франција и Германија. Додека поројните дождови се очекуваат во Србија, Романија и Унгарија.

Над 30-тиот степен целзиусов, беа вчерашните температури на воздухот во Франција. Овие степени се почетокот на  топлотниот бран во земјата, предупредуваат метеоролозите. Следните неколку дена се очекуваат температури  до 47 степен . Најмногу погоден ќе биде северниот дел на Франција, пренесуваат медиумите од регионот.
Синоптичари велат дека очекуваат исклучителен топлотен бран за месец јуни, во текот на наредните 6-7 дена ќе има температури кои никогаш порано не биле забележани во шестиот месец од годината.

Дури и во текот на ноќта се очекуваат температури над  20 степен.

Поради најавите од метеоролозите за топлотниот бран, ќе се дели бесплатна вода на повеќе пунктови во земјата, властите лансираа и така наречени соби со климатизација, во јавни соби или на популарни места.

Исто така парковите и базените ќе работат со подолго работно време.

Франција е особено чувствителна на топлина, бидејќи во август 2003 година, најмалку 15.000 лица загинаа поради топлината.

Дел од граѓаните на Париз велат дека не се задоволни од топлината, бидејќи во главниот град на Франција нема многу климатизирани апартмани, луѓето повеќе купуваат вентилатори.

Повисоки температури се очекуваат и во Германија. Невообичаено жешко време се очекува и во Швајцарија и Белгија.

Додека во еден дел на Европа се подготвуваат властите за топлотен бран, во друг дел на најстариот континент во некои држави улиците изгледаа како реки од поројните дождови.

Во многу региони во Унгарија поројните дождвои направија поплави, улиците се претворија во реки, шахтите од канализацијата извираа со вода, поплавени се неколку станбени згради и обработливо земјиште.

Поројните дождови ја погодија и соседна Србија, главните булевари беа како реки. А на некои места во земјата врнело и град, кој нанел посериозни штети врз земјоделското производство.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја