17 Мај, 2024
0.0270

„ЕВРОПА“ ЌЕ СКЛУЧУВА ЗДЕЛКИ СО „ФЕРШПЕД“ ДО 1,65 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што треба да изгласа Собранието на акционери во декември

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Кондиторската компанија „Европа“ ќе секлучува зделки со шпедитерската „Фершпед“ по пазарни услови, но тие да не надминуваат суми од по 1,65 милиони евра. Ваква одлука треба да донесе Собранието на акционери на „Европа“, кое ќе се одржи на 6 наредниот месец.

Ова би требало да се толкува како дополнително поврзување меѓу двете компании, кои и сега се акционерски поврзани.

Имено, според податоците на Централниот депозитар, шпедитерската компанија „Фершпед“ поседува 21,77 отсто од капиталот на „Европа“, со што е всушност најголемиот поединечен акционер во кондиторсклата фабрика, додека, пак, втор по големина акционер е уште една шпедитерска компанија „Макошпед“, која располага со 19,9 отсто од акционерскиот капитал на чоколадната компанија.

Еве каква одлука за одобрување на зделки со заинтересирана страна всушност треба да донесе Собранието на акционери на „Европа“, кое ќе се одржи на 6 декември годинава.

„Заради постоење на взаемен интерес за деловна соработка во рамки на редовното работење (купување, продавање, аванси, гаранции, земање и давање на краткорочни парични позајмици, шпедитерски услуги и организација на транспорт, организирана исхрана, користење на други услуги) се одобрува ЕВРОПА Скопје да склучува зделки со заинтересирана страна ФЕРШПЕД Скопје, по пазарни услови за слични видови на зделки. Вредноста на секоја од погоре наведените зделки поединечно или кумулативно за период од денот на донесување на оваа одлука до одржување на наредно собрание на акционери нема да надминува износ од 101.550.000 денари (1,65 милиони евра – н.з.) што изнесува 9,3 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото ЕВРОПА Скопје определена според последните ревидирани финансиск иизвештаи на друштвото“, се вели во предлог одлуката што треба да ја изгласа Собранието на акционери.

Притоа, Собранието ќе го овласти Одборот на директори на Европа да ги превземе сите потребни активности за реализација на деловната соработка.

За истата седница на Собранието на акционери се предлага да се донесе и Одлука за измена и дополнување на Статутот на компанијата, според кој отсега „Друштвото ќе ги врши сите дејности определени со Националната класификација на дејности, освен оние за кои е потребна согласност, одобрение, дозвола или друг акт на државен или на друг надлежен орган – ОПШТА КЛАУЗУЛА ЗА БИЗНИС“.

Или всушност, приоритетна дејност на друштвото ќе биде Производство на какао, чоколади и кондиторски производи. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА