19 Декември, 2025
0.0588

Европа подготвува „Гугл данок“?

Објавено во: Свет 03 Ноември, 2014 13:29

Добивај вести на Viber

Шпанската Влада минатата недела усвои закон за т.н. „Гугл данок“, според кој шпанските весници ќе можат од интернет пребарувачот да бараат месечен надомест заради прикажување на линковите од вестите на овие медиуми на агрегатор-сервисот Гугл Њуз. Освен Гугл, на удар на овој данок треба да се најдат и други компании кои објавуваат линкови со вести од шпанските весници, а целта на одредбата е да се „заштити шпанската индустрија на печатени медиуми“. Европските издавачи веќе подолго време се во судир со Гугл, бидејќи го обвинуваат да користење на нивна авторски заштитена содржина во својот сервис за вести. Компанијата Гугл објави дека е разочарана од ваквиот закон и порача дека идејата на сервиси како Гугл Њуз всушност е да им помага на издавачите, бидејќи го зголемува сообраќајот кон нивните интернет страници. Од Гугл истакнуваат дека се надеваат оти во иднина ќе продолжат со соработка со шпанските медиуми и ќе им помогнат за поголема заработка. Сличен закон беше донесен во Германија, па Гугл беше принуден да тргне линкови од одредени германски медиуми од својот сервис за вести. Но, за кратко време потоа дошло до намалување на посетите на интернет страниците на овие весници, па тие повторно самите побарале да се прикажуваат нивните вести на агрегаторот. Удар за Гугл подготвува и Европската унија, а еврокомесарот за дигитална економија Гинтер Етингер, кој наскоро стапува на должност, најави дека ќе преземе акции против оваа компанија, од кои една е реформа на постоечките зкаони за авторски права и воведување на „Гугл данок“. „Ако Гугл користи интелектуална сопственост од ЕУ, Унијата може да ја заштити својата сопственост и да наплати за нејзино користење“, изјави Етингер, според кого ваков закон може да се очекува во 2016 година.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја