ЕВРОПА ПРЕБРОИ НАД 9 МИЛИОНИ ФАРМИ: Во Македонија сточарството исчезнува, еве што велат земјоделците
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2023
Европската унија изброи 9,1 милиони фарми кои функционирале на територијата на целата унија во текот на 2020 година. Притоа како што потенцира „Евростат“, мнозинството или околу 93 проценти може да се класифицираат како семејни фарми. Тоа се фарми каде 50 проценти па дури и повеќе од земјоделската работна сила е обезбедена од семејни работници.
- Семејните фарми доминираат во структурата на земјоделството на ЕУ во однос на бројот на стопанства, нивниот придонес за вработување во земјоделството и, во помал степен, површината на земјиштето што тие ја обработуваат и вредноста на аутпутот што го создаваат. Речиси шест од секои десет фарми, или околу 57 отсто биле управувани само од сопственикот и членовите на семејството. На дополнителни 36 проценти од фармите, семејниот труд сочинува најмалку 50 отсто од вкупната работна сила – напоменуваат од „Евростат“.
Европскиот статистички центар појаснува дека семејните фарми обработуваат поголем дел од земјоделската површина во 2020 година и со нив се опфатени околу 61 процент од искористените 157,4 милиони хектари, го опфаќаат најголемиот дел од вкупната работна сила во земјоделството - скоро 78 проценти, како и мнозинството од сточарските единици или скоро 55 отсто.
- Иако не-семејните фарми претставуваа само околу 7 проценти од сите фарми во ЕУ во 2020 година, сепак, тие учествуваа со голем удел во површината на земјиште што се користи за земјоделско производство или околу 39 проценти. Од вкупната работна сила во фармите се опфатени околу 22 проценти од работниците – наведува „Евростат“.
Тие утврдиле дека семејните фарми сочинуваат најмалку 80 проценти од сите фарми во сите земји на ЕУ, освен Естонија каде овој процент изнесува 65 отсто и Франција со 58 проценти. Земјите на ЕУ со најголем удел на семејни фарми се Грција, Романија и Полска и во овие земји семејните фарми опфаќаат 99 проценти од сите фарми.
Во Македонија последните години е присутна тенденција на напуштање на земјоделството, а со тоа и намалување на бројот на фарми, фармери и вработени во секторот. Со години наназат имаме се помалку говеда и помало производство на млеко и млечни продукти. Фамерите укажуваат дека имаме системски проблем кој го кочи развојот на секторот, и потенцираат дека сега производството се оддржува благодарение само на повозрасните граѓани кои не сакаат да се откажат од одгледувањето домашни животни, но младите воопшто не се заинтересирани за оваа макотрпна дејност.
- Родителите на сопругот со децении одгледуваат крави и произведувале млеко. Ние понекогаш помагаме, но во главно тежината ја носат они. Иако работиме земја и од неа имаме големи приходи, факт е дека ако тие не можат да се грижат за петте крави кои ги имаме, ние ќе ги продадеме. Чувањето стока е макотрпна работа, а трудот од неа не е исплатлив. Потребна им е храна три пати во денот, одмолзување на кравите исто така три пати, па средување на млекото, да не зборуваме за чистење. Млекото се откупува по ниски цени, затоа гледаме да го продадеме на комшии или жители од околината кои сакаат домашно млеко, инаку не се исплати чувањето на кравите – вели една жителка на скопското село Драчево.
Таа потенцира дека веќе ниту во нивната околина никој не одгледува стока, додека за споредба пред само пет години во секоја втора куќа имало крави или свињи.
Според податоците од истражување на Државниот завод за статистика од 2016 година, вкупниот број на земјоделски стопанства во Македонија изнесува 178.125. Од нив 177.845 се индивидувални фарми, додека 280 се деловни субјекти.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.