14 Декември, 2025
0.0482

Европа се откажува од афричкото сонце, Кина заинтересирана за соларната енергија

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2012 13:44

Добивај вести на Viber

Амбициозниот план за задоволување на 15% од енергетските потреби на Стариот континент преку соларни фарми во Северна Африка е пред неуспех, пишува БиБиСи. Проектот „Desertec“ имаше за цел да испорачува струја за Европа преку мрежа од обновливи извори на енергија и високоволтни кабли кои треба да бидат поставени на дното на Средоземното Море. Во последните недели, сепак двата клучни индустриски фрупации кои го поддржуваат проектот, се откажаа. Шпанската влада, исто така одбива да потпише договор за изградба на соларни централи во Мароко. „Desertec“ беше формиран во 2009 година со предлог буџет од 400 милијарди евра, со кои требаше да стартува производството на сончева енергија во Северна Африка. Идејата беше до 2050 година капацитетот на моќ да достигне 125 гигавата. На овој начин може да се покријат сите локални енергетски потреби и истовремено за Европа да се извезуваат големи количини електрична енергија преку каблите на дното на Средоземното Море. Три години подоцна, проектот е речиси замрзнат. Два од главните индустриски партнери Сименс и Бош објавија дека се повлекуваат. Некои европски влади исто така губат ентузијазам. Еден од првите конкретни чекори што „Desertec“ ги најави беа плановите за изградба на 3 соларни паркови во Мароко. Декларација за инвестицијата требаше да биде потпишана од група земји, вклучувајќи ги Шпанија и Италија. Шпанската влада сепак реши да се воздржи, повикувајќи се на тешкотиите во обезбедувањето на потребните субвенции. Зрак надеж за проектот дадоа новите информации дека Кина може да инвестира во замена за пристап до одредени технологии. „Кинеските пари можат да помогнат. Кина сака да ги дознае новите технологии навистина може да спаси проектот. Тие имаат огромни можности “, коментира Ханс Јозеф Фел, пратеник од Партијата на Зелените во германскиот парламент.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск