Европа се соочува со суша каква немало цели пет века

Објавено во: Свет 11 Август, 2022
Сушата која ја погоди Европа e најлоша во изминатите 500 години.
Дека е алармантно потврди Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, изјави дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини дека сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година. Во следните три месеци има голем ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа.
Сушите особено ги погодија реките во Европа. Нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија.
Без питка вода во Франција се повеќе од 100 општини. Во Холандија е прогласен официјален недостиг на вода.
Во Велика Британија, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година. Резервоарите за вода во Шпанија, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна на континентот. Маслиновото масло ќе поскапи. Властите во Португалија пријавија дека повеќе од 1.000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури.
Можеби ќе ве интересира
МАСК ЈАВНО ГО ИСМЕА ЗЕЛЕНСКИ, СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОРАТ: „Кога ќе поминат пет минути, а не сте побарале милијарда долари помош“

ЗИМАТА И СНЕГОТ ПРИСТИГНУВААТ ВО ЕВРОПА: Попоски вели дека североистокот и истокот ќе бидат зафатени од првиот студен бран, а еве какво ќе биде во Македонија

БЕЗ ОВА ЗЕЛЕНСКИ ЈА ГУБИ ВОЈНАТА: Украина останува без поддршка од најголемите сојузници, паниката никогаш не била поголема

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

Америка има план за Украина, тајни документи откриваат детали

Соседна земја на Македонија забрани влез на возила со руски таблички

Голем пожар во Исмаилија на Суецкиот канал, испратени воени авиони, повредени најмалку 30 лица
ИСЛАНД Е НАЈБЕЗБЕДНА ЗЕМЈА, СРБИЈА ИЗНЕНАДУВА! Еве каде е Македонија

СИНОТ НА ПРИГОЖИН ГО ПРЕЗЕМА ТРОНОТ НА „ВАГНЕР“? Павел Пригожин преговара со руската национална гарда
