10 Декември, 2024
0.0272

ЕВРОПА СЕ ТРЕСЕ ОД ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Кои земји се најмногу на удар?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

„Европејците не ни ги земаат автомобилите. Тие не ги земаат нашите земјоделски производи. Но, тие продаваат милиони и милиони автомобили на Соединетите Американски Држави. Ќе мора да платат висока цена за тоа“, рече Трамп за време на изборна кампања.

Победата на Доналд Трамп на изборите во САД повторно ги разгоре стравувањата во Европа дека тој би можел да воведе царини за увезената стока и да започне нова трговска војна.

Освен за Германија, Ирска и Италија, потенцијалните даноци од 10 отсто на сите увезени производи од ЕУ би можеле значително да влијаат и на другите земји-членки.

„Европејците не ни ги земаат автомобилите. Тие не ги земаат нашите земјоделски производи. Но, тие продаваат милиони и милиони автомобили на Соединетите Американски Држави. Не, не, тие ќе мора да платат висока цена“, рече Трамп за време на изборната кампања.

Иако републиканецот е прилично непредвидлив, лидерите на ЕУ се подготвуваат за сите можни сценарија, вклучително и можни царини од 10 проценти.

Кои земји од ЕУ би биле најмногу погодени од царините на Трамп?

Во 2023 година Германија беше најголемиот извозник во САД, а станува збор за стоки во вредност од 157,7 милијарди евра, покажуваат податоците на Евростат. Потоа следат Италија (67,3 милијарди евра) и Ирска (51,6 милијарди евра).

Заедно, овие три земји сочинуваат 55 отсто од европскиот извоз во САД.

Минатата година Франција извезла стоки во вредност од 43,9 милијарди евра, Холандија - 40,5 милијарди, Белгија - 31,3 милијарди и Шпанија - 18,9 милијарди.

Може да се каже дека Ирска е најмногу зависна од трговијата со САД бидејќи повеќе од 26,6 отсто од производите наменети за извоз биле испратени во таа земја.

Следуваат Финска, Италија и Германија, пренесува Euronews.

Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, Франција извезува 7,3 отсто од производите во САД, а Шпанија 4,8 отсто.

Нордиските земји, исто така, значително извезуваат во САД. Шведска испраќа 8,9 отсто од извозните стоки во САД, а Данска 8,3 отсто.

Бројки над 5 проценти се застапени и во Австрија (7,1), Португалија (6,8) и Белгија (6,3).

Во дури десет земји, уделот на извозните стоки што одат во САД надминува 10 проценти.

Тоа значи дека потенцијалните царини на Трамп од 10 проценти би можеле значително да влијаат не само на Ирска, Германија или Италија, туку и на голем број други земји.

На пример, САД се најголемиот трговски партнер на Финска со исклучок на Европската унија, а тоа особено се однесува на производството на челик, хартија, машини и технолошкиот сектор.

Еуправозато.рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!