19 Декември, 2025
0.0430

ЕВРОПА СО ПОРАКА ДО МЕТА, ТВИТЕР И ТИКТОК: Престанете да ширите лаги, следува казна

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2023 06:52

Добивај вести на Viber

Додека беснее конфликтот меѓу Израел и Хамас, на социјалните мрежи се води поинаква битка - против ширењето на дезинформации и други штетни содржини.

Европската комисија поднесе формални и законски обврзувачки барања за пристап до информации на социјалните мрежи во сопственост на компанијата „Мета“, како и „Твитер/Х“ и „ТикТок“, со цел да се утврди како тие платформи го контролираат говорот на омраза, ширење на дезинформации и насилен тероризам, содржини поврзани со војната меѓу Израел и Хамас.

Тоа е првиот чекор во она што би можело да стане прва истрага на Европската унија според Законот за дигитални услуги (DSA), и во овој случај може да утврди дали најпопуларните социјални мрежи ги приспособиле своите протоколи во кризни ситуации за да ги заштитат корисниците од штетна содржина.

Во писмата кои Тиери Бретон, европскиот комесар за внатрешен пазар, ги проследил до челниците на споменатите компании, се наведуваат обврските на социјалните платформи кога станува збор за борбата против дезинформациите, според Законот за дигитални услуги.

Прекршувањето на тие обврски може да резултира со казни до шест проценти од глобалниот приход на компанијата, што значи дека Мета може да се соочи со казни од повеќе милијарди долари, додека TikTok и X може да се соочат со стотици милиони.

Бретон му рекол на шефот на компанијата ТикТок, Шо-Зиу Чу, дека платформата, која е наменета за млади луѓе, мора да има уште построги протоколи во такви ситуации.


„Пред сè, имајќи предвид дека вашата платформа многу ја користат децата и тинејџерите, имате посебна обврска да ги заштитите од насилни содржини кои прикажуваат земање заложници и други насилни видеа, кои наводно кружат на вашата мрежа, без соодветна заштита “, напиша Бретон.

Компанијата има 24 часа да одговори на прашањата, а нејзиниот портпарол рече дека го добиле писмото и ќе одговорат навремено. Исто така, тој укажа на американскиот CNBC дека тие веќе ја усогласиле својата политика со Законот за европски дигитални услуги

Дополнително, иако претходно одбија да коментираат кои групи ги назначуваат како екстремистички организации, овој пат за Вашингтон пост потврдија дека на Хамас му е забранет пристапот на платформата.

Бретон испратил писмо и до Марк Цукерберг, извршниот директор на компанијата „Мета“, под чиј капа се социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и добил рок од 24 часа да одговори на истото.

Тој е должен да претстави план со кој компанијата планира да го запре бранот на дезинформации, поврзани со војната, но и споделување на снимки и фотографии генерирани од вештачката интелигенција, на начин тие да изгледаат реално.

Бретон напиша дека дознал за постоењето на „значителна количина на длабоко лажни и манипулирани содржини на вашите платформи, од кои некои продолжуваат да се појавуваат“.

Претставникот на компанијата „Мета“ објави дека од избувнувањето на војната, компанијата формирала „специјален оперативен центар“ во кој работат преведувачи на хебрејски и арапски јазик, кои внимателно го следат ширењето на дезинформациите.

„Нашите тимови работат деноноќно за да ги направат нашите платформи безбедни, да блокираат содржини што ги прекршуваат нашите политики и локални закони и да се координираат со трети страни за да ги потврдат информациите и да го ограничат ширењето на лажни вести. Ќе продолжиме да работиме додека овој конфликт продолжува“, изјави претставникот на компанијата Ал Толан.

Бретон, исто така, му рекол на Цукерберг дека новата европска регулатива не ги таргетира само содржините поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, туку и лажните информации кои би можеле да се шират на претстојните избори во многу европски земји, вклучително и Полска и Холандија.

„Ве потсетувам дека Законот за дигитални услуги бара ризикот од ширење лажни и манипулирани слики и факти генерирани со намера да се влијае на изборите да се сфати крајно сериозно“, му рекол Бретон на Цукерберг.

Фото: unsplash

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела