11 Декември, 2025
0.0411

ЕВРОПРАТЕНИЧКАТА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО - ЈОВЕВА, ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЈА: „Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ“

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2025 08:29

Добивај вести на Viber

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.  

- Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева, која има македонско потекло.    

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.  

- Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Северна Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева. 

Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 годна се чита конкретно, ќе се види дека сепак има таа има постигнато напредок и тоа треба да се потенцира, а не да се вели дека е во ист кош со Србија или Босна и Херцеговина.

 - Мислам дека таквиот наратив не в ред и не фер, пред се од страна на Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Северна Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели Јовева. 

Словенечката европратеничка смета дека не се точни оценките дека Европската Унија не сека да ја прими земјава во ЕУ и дека само ја користи Бугарија како изговор. 

- Како некој што има доста добри контакти и увид во сето она што се случува, воопшто не можам да се сложам со таквите проценки. Мислам дека на нив не им е место, посебно не сега. Моментумот е тука. Тоа нема врска со сакање или не сакање, туку со реалноста, а реалноста е дека Северна Македонија има направено напредок, истакнува Јовева. 

Таа додава дека спорот со Бугарија е билатерален, што е јасно кажано и од страна на Европскиот парламент во последните извештаи, како и од страна на Европската комисија. - Како што не е фер да се става Северна Македонија во исти кош со Србија во контекст на напредокот во пристапниот процес, исто така не е фер да се користи општата ситуација во регионот за собирање евтини политички поени. Северна Македонија е држава која заслужува место во Европската Унија и мислам дека кога-тогаш ќе стигне до тоа. Само треба да продолжи со реформите, додава Јовева во изјавата за МИА.

Фото: 

Фото: Приватна архива/Alexis HAULOT/Michel CHRISTEN/Pia Schaefer/Alain ROLLAND

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов