10 Мај, 2024
0.0242

Европска Сахара во Франција: „голта“ шуми, патишта и куќи, а туристите ја обожуваат!

Објавено во: Стил 04 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Еве како една, слободно би можело да се нарече, елементрана непогода стана туристичка атракција. Станува збор за џиновската песочна дина долга три километри, широка 500 метри и висока 100 метри, која се наоѓа на брегот на градчето Ла Тесте де Буш, 60 километри од Бордо во Франција. Таа се шири така што буквално голта куќи, патишта и шуми. Виновни“ за тоа се атлантските ветришта кои ја создаваат песочната дина Пила која се шири со брзина од пет метри годишно и која двоструко се зголемила во последните 100 години. Таа е популарна туристичка дестинација, која годишно ја посетуваат преку милион туристи. Долгиот период на осека на француското крајбрежје исто така придонесува за нејзиното ширење бидејќи ветровите носат песок од дното на крајбрежјето.