Европска земја го укинува носењето маски на 1 јули
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Јуни, 2020
Во една од европските земји, од 1 јули носењето маски ќе биде минато.
Република Чешка ја укинува оваа мерка.Министерството за здравство oбјави дека задолжителното носење маски во продавниците, рестораните и јавниот превоз ќе биде укинато. .
Министерството ја следи состојбата на овие локации. Ако нема нови случаи во повеќето региони до 1 јули, тогаш нема потреба мерките да се применуваат за целата земја, пренесуваат чешките медиуми.
Базените, музеите и спа-центрите ќе започнат со работа на 22 јуни, под услов да им овозможат на посетителите оддалеченост од десет метри, пренесува Танјуг.На 10 март земјата ги затвори училиштата.
Се заразиле над 10.000 граѓани, а починале 335 луѓе.
Во светот над 8.6 милиони луѓе се инфицирани со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.