Европската Енергетска заедница праќа јасна порака: Завршете ги отворените прашања за целосна имплементација на Третиот енергетски пакет
Објавено во: Економија 10 Септември, 2020 10:55
Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач во интервју за МИА потенцираше дека нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас во државата е суштинско прашање кое ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција.
Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА, Копач вели дека е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
„Посуштинско прашање е се уште нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот оператор и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција. Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро“, рече Копач.
Регулирањето на сопственичките односи во ГА-МА впрочем целосно е во согласност со законот за енергетика и Третиот енергетски пакет кој впрочем беше инкорпориран во Законот, а усогласен како обврска од Енергетската заедница.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




