15 Декември, 2025
0.4349

Европската комисија користи Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на документи, обвинува Ирскиот совет за граѓански слободи

Објавено во: Свет 18 Ноември, 2025 10:27

Добивај вести на Viber

Невладината организација Ирски совет за граѓански слободи (ИЦЦЛ) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, во која ја обвинува Европската комисија дека го користи Чат-Џи-Пи-Ти при изработка на одговори на одредени барања. 

Советот тврди дека метаподатоците во документ што го добил како одговор од Еврокомисијата укажуваат на користење на генеративна вештачка интелигенција за составување делови од него. 

Во жалбата се додава дека со ваквата пракса Еврокомисијата веројатно ги крши сопствените упатства, кои забрануваат користење на содржини генерирани од вештачка интелигенција во нејзини јавни документи. 

- Неодамнешен одговор од Европската комисија на наше барање за пристап до документи, откри дека не само што претседателката на Комисијата ги повторува зборовите на извршни директори од технолошкиот сектор, туку и дека Комисијата употребува генеративна вештачка интелигенција за изработка на јавни документи, посочува Ирскиот совет. 

Според организацијата, одговорот вклучувал четири линкови, од кои барем еден бил генериран со користење на Чат-Џи-Пи-Ти.  

- Овој линк вклучува „utm_source=chatgpt.com“ што ја открива веб-страницата која ја генерирала содржината. Не е јасно дали другите делови од одговорот ги реплицираат резултатите од генеративната вештачка интелигенција и дали е вообичаена практика во Комисијата да користи генеративна вештачка интелигенција, се додава во документот. 

Организацијата посочува дека овие генеративни системи на вештачка интелигенција понекогаш даваат точни, но понекогаш може да достават и погрешни информации.  

- Институциите на ЕУ имаат должност да обезбедат точни информации. Со потпирање на „генератори на глупости“, ЕУ би можела да ја прекрши својата обврска од договорите, што предвидува дека на граѓаните треба да им обезбедува право на добра администрација, посочува Советот. 

Во документот се додава дека со ваквата употреба на генеративна вештачка интелигенција Комисијата ги прекршила сопствените упатства до персоналот за начинот на употреба на онлајн алатки базирана на вештачка интелигенција, во кои се вели дека „вработените никогаш не треба директно да го пренесуваат резултатот од генеративен модел на вештачка интелигенција во јавни документи“. 

Според вишиот соработник на ИЦЦЛ, Крис Шришак, јавните тела, како што е Европската комисија, секогаш треба да бидат транспарентни и да откриваат дали при изработка на јавен документи користеле алатка за генеративна вештачка интелигенција, дури и во случај ако добиениот резултат на ваков начин е проверен и оценет од нивниот персонал.  

- Доколку јавните тела користат алатки за генеративна вештачка интелигенција за изработка на јавни документи, тогаш товарот за докажување на веродостојноста треба да биде врз нив, а не врз примателите на тие документи. Во спротивно, алатките за генеративна вештачка интелигенција не треба да се користат, додаде Шришак. 

Канцеларијата на европскиот омбудсман за „Еурактив“ потврдила дека ја добила жалбата на ирската невладина организација и дека се проценува дали да биде покрената формална истрага за случајот.  

Од друга страна, Европската комисија соопшти дека нејзините упатства за персоналот се од интерен карактер и одби да ги коментира тврдењата на Ирски совет за граѓански слободи.

Можеби ќе ве интересира

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму