20 Декември, 2025
0.0847

Европската унија збрани извоз на авионско гориво во Сирија

Објавено во: Свет 12 Декември, 2014 17:17

Добивај вести на Viber

Владите на земјите на ЕУ денеска се сложиле од недела да забранат извоз на гориво за авионите во Сирија, со образложение дека е можно сириските воздухопловни сили да го употребат за неселективни напади на цивили.

Забраната опфаќа и финансии и осигурување поврзано со извозот на гориво за авионите во Сирија, но сепак, горивото и адитивите кои ги употребуваат исклучиво цивилните авиони кои не се сириски туку само слетуваат во таа земја, ќе бидат исклучок на забраната.

Европа во многу зависи од увозот на горивото за авиони со Блискиот исток и засега не е јасно колку точно гориво ЕУ извезува во Сирија, наведува Ројтерс.

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 3,2 милиони луѓе избегале од Сирија, а околу 200.000 се убиени во граѓанската војна која трае повеќе од три години, од кога избија протестите против владата на претседателот Башар Асад.

Министрите на ЕУ во октомври, во принцип се договориле да забранат продажба на гориво за авионите на Сирија, но деталите дури сега се усогласени.

„Значаен број недолжни цивили, загинаа поради тоа што воздухопловните сили на режимот на Асад „случајно“ фрлаа бомби.Оваа мерка ќе обезбеди ниеден поединец или компанија на ЕУ да не биде вмешана во доставата на гориво за Сирија. Ги повикува сите држави да забранат авионско гориво кои оди за режимот на Асад“, порачал британскиот министер задолжен за Блискиот исток, Тобијас Елвуд.

Официјален текст со детална листа на типови гориво и адитиви на кои се однесува забраната, ќе виде објавена утре на официјалниот сајт на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја