19 Декември, 2025
0.0522

ЕВРОПСКИ ПАРИ: Нема ќар од балканските итроштини!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2016 08:26

Добивај вести на Viber

Со новата на одлука на Брисел за кратење на дополнителни 69 милиони евра пари од ИПА фондовите наменети за Коридорот 8, меѓународната заедница праќа јасен сигнал до македонската власт дека нема политичка волја за решавање на кризата и спроведување на потребните реформи, оценуваат дел од аналитичарите. Од Брисел не ја исклучуваат можноста за одземање на надлежностите на земјава да менаџира со ИПА фондовите, што практично значи дека лично Европската унија ќе одлучува за кои проекти ќе бидат потрошени европските пари. maja„Транспортниот проект кој земјата го поднесе попознат како Коридор 8 ќе се разгледува штом ќе се адресираат проблемите во тој сектор во поглед на стратегија и координација. Земјата треба да се фокусира на меки мерки кои би ја осигурале одржливоста на големи инфраструктурни инвестиции“, изјави портпаролката на комисијата Маја Коцијанчич. Пред само неколку дена Европската комисија одлучи да стопира 27,1 милиони евра од ИПА 2 фондовите кои требаше да и бидат дадени на располагање на Македонија, но ЕК одлучи да ги суспендира пред да и бидат доделени на Македонија, оти земјава не ги спровела потребните реформи за што Брисел постојано укажувал изминативе години. „Овој чекор на Европската Комисија не треба да не изненади, ова е очекувано.Седум години по ред Европската комисија постојано откако ја имаме добиено препораката, зборуваме за потребни реформски чекори за да можеме да почнеме преговори, а ние тие реформски чекори не ги правиме. Минатата година со извештајот на Прибе уште повеќе се констатираа злоупотреби кои што ги направила власта и одредени носители на функции што ги направиле употребувајќи ги механизмите на власта. Сето тоа повикуваше на одредени реформски чекори кои ние не ги направивме. 4428Дополнително се обидовме договорот од Пржино да го одолговлекуваме толку колку што можевме да го одолговлекуваме, дури и повеќе, сакајќи да се спасат некои од преземањето на одговорност, и преземањето на одговорност не е направено.Така што овие одлуки се поврзани конкретно со посакуваните реформски чекори. Но има и друго, Европската комисја однсоно ОЛАФ спроведува истрага околу користењето на парите за автопатот Демир Капија-Смоквица.Протекоа многу информации кои зборуваат за злоупотреба на средствата.Пред неколку месеци беа актуелни постапките кои што ги водеше тогашниот медијатор Питер Ван Хауте, според кои 40 проценти од средствата оделе во некоја друга каса, а не за реформските зафати.Сето тоа беше наредено едно по друго, за да може да дојде до ваква одлука“, вели Андреја Стојкоски, од Македонскиот центар за европско образование. Стопираните 27 милиони евра од ИПА се неповратно изгубени Македонија е првата земја на кој ЕК и скратила пари од ИПА2. 27-те милиони евра кои не и се доделни на Македонија беа наменети за менаџирање на јавни финансии, владеење на правото и конкурентност на економијата. Овие пари како што велат упатените се неповратно изгубени и најверојатно ќе бидат распределни на земјите од регионот кои што ги спровеле реформите кои требаше да ги направи Македонија. dimova-685x320„Први сме затоа што програмирањето на ИПА 2 е започнато многу одамна  уште во 2012 година. Уште од тогаш требаше да се направат некои работи требаше да се завршат, за да може да се направат секторите, да се направат проектите и да се доделат средствата. Сето ова сега се должи на  користење на инструментот што Комисијата го има во раце а се вика условенсот. А тоа значи декас Комисијата и кажува на Владата што треба да сработи, и дава рок до кога треба да се сработи и ако не се заврши тогаш презема чекори, а новата Комисија е сериозна и го користи овој инструмент на условеност. Ако зборуваме за ИПА 2, целата фискултура околу развивањето на програмите и секторите трае уште од 2012 година, а денеска сме 2016 година. Значи поминати се години, а истите проблеми се во прашае. Овие пари засега се изгубени. Но има и друг аспект, другите држави во регионот кои ги спроведуваат потребните реформи, изминативе години лобираа средствата што не се искористени да останат во рамките на истиот механизам но да се прераспределат на другите држави кои имаат потенцијал да ги искористат. И сега очекувам дека овие средства ќе одат во некои други држави“, вели Лидија Димова од СДСМ. Кратењето на европските ќе има последици врз економијата Кратењето на парите од европските фондови негативно ќе се одрази врз економијата, а најзасегнати ќе бидат инфраструктурните проекти. Дополнително деновиве и на Самитот во Париз, од 150-те милиони евра за Западен Балкан, еднинствено Македонија не доби дополнителна помош за инфраструктурни проекти. venkog_1339778955_600„Секако дека ваквите одлуки на Европската Комисија ќе имаат негативни последици врз економијата. Ние веќе имаме забавена економска активност со исклучок на индустриските зони, што е последица на претходните години. На маса во преговорите кај политичките конституенти треба да биде менување на структурата на Буџетот. Накусо: да се ревидираат капиталните инвестиции заради тоа што дел од нив суштински не се капитални, да се искорне корупцијата во користењето на ИПА фондовите за да се привлечат повеќе луѓе со атрактивни проекти, да се почне процес на намалување на државната администрација и да се отстранат сите трошења кои не придонесуваат во подобрувањето на економските перформанси на Македонија“, вели Венко Глигоров, стопанственик. За Власта чекорите на Брисел не се санкции Но од друга страна власта тврди дека не станува збор за санкции, туку за намалување на одредени програми. Вицепремиерот за европски прашња Арбр Адеми изјави дека овие инструменти постојат во рацете на Европската комисија, но никој не може да предвиди дали и кога ќе бидат употребени, но оти од технички аспект термините санкција и суспензија не се соодветни во овој момент. sarena vlada„И понатаму остануваме и вложуваме напори сите тие средства кои се доделени за Македонија и кои ни стојат на располагање, да ги искористиме. Во оваа прилика упатувам барање до политичките чинители, особено до оние кои партиципираат во политичкиот дијалог, на сериозен и конструтивен начин да пристапат во изнаоѓање на политичко решение кое е сеопфатно и одржливо и во согласност со очекувањата на граѓаните и со очекувањата на нашите меѓународни партнери“, изјави Адеми. Од Министерството за финансии посочија дека со парите што се скратени биле опфатени идни проекти кои не се договорени. „Одлуката на Европската комисија се однесува на средства за проекти од ИПА 2016, односно проекти кои не се програмирани и договорени со Европската комисија. Тековните проекти кои се финансираат од ИПА и кои се влезени во фаза на реализација продолжуваат и понатаму, согласно предвидената динамика“ соопштија од Министерството за финансии. Поранешниот дополнителен заменик-министер за финансии и претседател на Комисијата за финансии во СДСМ, Кире Наумов вели дека власта со години е нестручна во искористувањето на парите од ИПА фондовите. „Европската унија jа  изрече првата и последна јавна опомена против режимот на Груевски. Точно проценувајќи дека оваа власт со години е нестручна и неспособна да ги искористи средствата од ИПА фондовите, ЕУ му упати директна порака на Груевски. Порака која на ниеден начин не влијае кон граѓаните, туку само кон режимот. Средствата кои ни се кратат, и доколку бевме во можност  да ги искористиме како држава, што со сегашниот капацитет е невозможно, огромни ќе беа шансите да бидат искористени на незаконски начин.Токму затоа ЕУ на овој начин ја испраќа првата и последна јавна опомена против власта. Доколку во наредните неколку дена нема конечен договор околу разрешување на политичката криза, тогаш не ја исклучувам и можноста да следуваат и првите конкретни санкции против Никола Груевски и неколку негови блиски соработници“, вели Наумов. Европскиот суд на ревизори со забелешки за искористноста на ИПА фондовите Европскиот суд на ревизори во последниот извештај за искористеноста на парите од ИПА фондовите нотира дека поради недостиг на политичка волја целта на европските ИПА фондови  не е комлетно исполнета. Слабостите во јакнењето на адмнистративните капацитети во секторите транспорт, животна средина и реформи во јавна адмнистрација. „Финансиските средства од Европската унија кои и се доделуваат во вид на претпристапна помош  за јакнење на адмнистративните капацитети на Република Македонија немаат доволен напредок бидејќи недостига активна политичка волја. Иако проектите се финансирани со средства од ЕУ, генерално гледано како се планирани потребно е да се насочат подобро, да се утврдат приоритети. Во клучните сектори како што  се борба против корупција и јавни набавки, државните тела треба подобро да ја искористуваат можноста што ја нудат финансиските средства од ЕУ. Континуираното постоење на пречки за подобрување на административните капацитети во земјата значеше дека целите на претпристапната помош не се секогаш постигнати.Главниот проблем е недостатокот на високо ниво на политичка волја и посветеност од страна на националните власти за поддршка на проектите преку ИПА“,посочуваат европските ревизори. Со ревизијата се опфатени се три области- реформи во јавна адмнистрација, транспорт и животна средина, финансирани од  ИПА (2007-2013), за кој што период Македонија од Европската унија добила 615 милиони евра. Во извештајот стои дека во секторот транспорт и животна средина мал број од проектите биле насочени на клучните потреби за јакнење на капцитетитекои се потребни за усогласувае на националното законодавство со правните регулативи на ЕУ. „Од проектите во кој што извршивме ревизија генерално се испорачани планираните исходи, но тие често се не се целосно искористени. Во некои случаи проекти имаа ограничено влијание и не се одржливи. Инвестирањето во инфраструктурни проекти не е пропратено со доволен број активности за успешно да се развива. Главна цел на средствата од ИПА за транспорт и животна средина беше да се подобри регионалната инфраструктура, а дел за зајакнување на капацитетите на јавната адмнистрација. Процентот на средства кои се користат за градење на капацитети во транспорт е 1 отсто, а во животна средина 15 проценти“, стои во извештајот. Ревизорите порачуваат дека е неопходно е да се воспостават соодветни приоритети за грантовите од ЕУ за зајакнување на административните капацитети. „Тоа мора да се базира на вистинска посветеност на земјата, со цел да го постигнат посакуваниот ефект“, посочува во ивештајот  Ханс Густаф Wessberg, член на Европскиот суд на ревизори . Европските ревизори препорачуваат Комсијата во Скопје да помогне да се зајакне фокусот административниот капацитет на клучните приоритети и да се земат во предвид значајните недостатоци во клучните области кои  што се наведени во извештајот, да се зголемат напорите за зајакнување на административниот капацитет за инвестирање во секторите на транспортот и животната средина, подобра употреба на инструментите за зголемување на посветеноста на националните власти за процесот на реформи,подобро да се насочуваат проекти. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?