ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ЗАБРАНУВААТ ПРЕВОЗ НА ДЕЦА СО АВТОБУСИ ПРЕКУ НОЌ - треба ли и кај нас тоа да се направи
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021
Во добар дел од земјите во ЕУ е забранет автобуски превоз на деца преку ноќ, односно од 22 часот па се до раните утрински часови.
Дали можеби треба да се размислува ваква мерка да се донесе и во земјава, но и да се изменат во таа насока одредени законски прописи, откако се случи страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 44 лица, од кои многу деца, но и млади граѓани.
ТВ 21 го прашале јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој вчера гостувал во студиото на ТВ21 во ClickPlus.
Јовески изјавил дека таква иницијатива секако треба да се разгледа, но има многу аргументи кои се за, а и кои се против.